Peugeot најпродавана марка на францускиот пазар во септември

Peugeot 5008

Peugeot е најпродавана автомобилска марка на францускиот пазар во септември. Приватните купувачи во земјата во минатиот месец најчесто се решавале за модел со знак на лав, што на Peugeot му обезбеди лидерство во овој дел од пазарот, којшто се води посебно од продажбата на службени возила. Најпродаваниот модел во приватниот сегмент повторно доаѓа од истата марка – Peugeot 208.

Во првите девет месеци од годинава, Peugeot има забележано најголем раст во продажбата од сите француски марки, вклучувајќи ги и продажбите на доставните возила. Растот изнесува близу 8%, односно во периодот од јануари до септември биле продадени околу 26.000 возила повеќе отколку во истиот период лани.

Peugeot 508, premiera Makedonija Peugeot 508 неодамна имаше премиера пред македонската публика, три месеци пред официјалниот старт на продажбата

Најголемиот поттик за продажбата доаѓа од СУВ-моделите, коишто постигнуваат удел од 8,9 проценти на целиот француски пазар. Само од моделите Peugeot 2008, 3008 и 5008 се продадени повеќе од 139.000 возила.

Peugeot 508 премиерно пред македонската публика

Peugeot му дава шарм на хибридниот погон

Peugeot e-Legend прикажува висока мода на салонот во Париз

Претходна објаваSkoda Vision RS најавува возбудлива идна генерација на Spaceback
Следна објаваFerrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here