за ,

PEUGEOT EXALT: Французите спремаат луксузна лимузина за Кина

Марката со лавот долго е присутна на кинескиот пазар. Со студијата на купе-лимузина со име Exalt, Французите ќе испробаат како тамошниот пазар реагира на престижен модел од Peugeot.

Прво беше претставен концептот на престижно купе Onyx, а сега следува и продолжението на визијата во форма на неговиот лимузински брат. Peugeot ќе го претстави концептот Exalt на претстојниот салон во Пекинг, како купе лимузина што цели кон побогатиот слој купувачи на најголемиот пазар во светот. Основното правило во индустријата на четири тркала не се разликува од оние во другите бранши: Тој што продава поскапо, заработува повеќе. Досега Французите имаат продадено солиден број возила на кинескиот пазар, но притоа се работи претежно за помали и поевтини модели, скроени посебно за тамошниот пазар. За Peugeot да го искористи долгогодишното присуство во Кина, на салонот во Пекинг што почнува за десетина денови ќе биде претставен автомобилот што ќе му ја донесе поголемата заработка на концернот – доколку пазарот реагира позитивно и моделот навистина се појави во продажба.

Peugeot открива само малку детали од концептот Exalt. Исто како кај Onyx, каросеријата е изработена од комбинација од метал и платно со текстура што личи на кожа на ајкула, додека во внатрешноста на Exalt се користат волнено платно, природно штавена кожа, необработен челик и слонова коска. На оваа комбинација од ексклузивни материјали им се придружуваа и дрвените апликации дизајнирани од триото Pinwu Design. Од технологија се најавуваат i-Cockpit, црно амбиентално светло, диспензер на парфем Pure Blue, и сосема очекувано, хибриден погон Hybrid4, овојпат комбиниран со бензински мотор и со системска силина од 340 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричната лимузина Tesla Model S се претвори во кабриолет

Land Rover повикува 150.000 возила во сервис