за

Електричната лимузина Tesla Model S се претвори во кабриолет

Американскиот специјалист за преработка на каросерии Newport Convertible изработи серија од 100 примероци од Tesla Model S во кабриолет изведба. Наскоро ќе следува уште поголема серија.

Фирмата Newport Convertible произведе серија од 100 примероци од Tesla Model S со отворена каросерија, по нарачка на инвеститор од Кина. Во моментов Newport Convertible е во преговори со калифорнискиот специјалист за електричен погон Tesla за производство на серија од 5.000 примероци од Model S Convertible. Исходот од преговорите ќе се знае веќе во следните неколку недели.

Возењето под отворено небо долго време беше еден од заштитите знаци на овој производител, покрај електричниот погон. Tesla Roadster е првиот модел на калифорниската компанија и беше изработен врз основа на Lotus Elise. Сопствениците нa лимузината Tesla Model S отсега можат да нарачаат каросеријата на нивниот електромобил да се преработи во кабриолет. Цената за преработката во кабриолет со платнен покрив изнесува 21.000 евра, додека за верзијата со цврст преклоплив покрив се потребни околу 35.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест: Fiat 500L 1.4 16V Pop Star

PEUGEOT EXALT: Французите спремаат луксузна лимузина за Кина