за

Peugeot 508 GTE со гени од мотоспортот и со хибриден погон

По повод 210-годишнината на компанијата, Peugeot го претстави 508 PSE. Кратенката се однесува на Peugeot Sport Engineered и го означува најмоќниот модел на Французите, што во исто време постигнува ниска потрошувачка, благодарение на приклучниот хибриден погон.

Peugeot 508 PSE

Peugeot го претстави досега најсилниот сериски модел на марката, 508 Peugeot Sport Engoneered (PSE). Развиен со експертизата на Peugeot Sport во мотоспортот, приклучниот хибрид располага со 360 КС. Нарачките за новиот модел ќе стартуваат есенва.

Трите букви PSE се новата моделска ознака, којашто Peugeot ќе ја користи за своите модели што спојуваат врвна моќност и технологии што се корисни за животната средина. Со Peugeot 508 PSE почнува новата ера на спортските модели во француската марка, на 210-от роденден на компанијата.

Peugeot 508 PSE е моментно најсилен сериски модел на марката. Со комбинација од бензински мотор и два електромотори се постигнува моќност од 360 КС и вртежен момент од 520 њутнметри. Погонот е на сите тркала. Перформансите исто така се за пример: Спринтот до темпо сто трае 5,2 секунди, еден километар се совладува за 24,5 секунди, а меѓузабрзувањето од 80 до 120 km/h трае точно 3 секунди. Крајната брзина е ограничена електронски на 250 km/h.

Соодветно на спортските перформанси е дотерано и подвозјето, коешто во исто време посредува и високо ниво на комфор. Зафати се извршени во трите степени на приспособливата амортизација (комфорен, хибриден, спортски), ширината на трагата на предната оска е зголемена за 24 mm, назад за 12 mm, предните сопирачки дискови имаат пречник од 380 mm и четириклипни клешти. Тркалата од 20 инчи носат гуми Michelin Pilot Sport 4S.

Во возењето може да се избира меѓу пет режими, преку прекинувачот во средишната конзола.

– Electric: За 100 проценти електрично возење, со досег од 42 km според WLTP-нормата, со моќно забрзување и максимални 140 km/h;

– Comfort: Хибриден модус со помека амортизација и повисок комфор;

– Hybrid: Зависно од условите, автоматски се избира повеќе моќност на моторот или на електромоторите, со цел да се постигне пониска потрошувачка;

– Sport: Овозможува крајна моќност од 265 kW (360 КС) и влијае и врз управувањето, амортизерите, реакцијата на гасот и на вештачки произведениот пратечки звук на моторот. Во исто време, моторот се грижи батеријата да биде целосно наполнета во секое време;

– 4WD: Максимална тракција за лизгава подлога.

Во моделот се користени искуствата од Peugeot 3008 Hybrid4 и 508 Hybrid.

Зошто ја возевме Toyota Camry до големите вештачки езера?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шведска ги заменува бензинот и дизелот со етанол и биогас

Шведска ги заменува бензинот и дизелот со етанол и биогас

Со автомобил на кино поканува А1 за роденденот

Со автомобил на кино, поканува А1 за роденденот