Францускиот култен режисер Лук Бесон ја продолжува соработката со Peugeot во спектакуларните брканици во неговите филмови. Овојпат во „главната“ ролја е Peugeot 308.
Францускиот култен режисер и продуцент, зад когошто стојат филмските класици „Леон, професионалецот“ и „Петтиот елемент“, повторно соработува со Peugeot во автомобилските бркотници што се чинат како неразделни од неговите филмови. Во последниот филм „Луси“, со Скарлет Јохансон и оскаровецот Морган Фримен, неколку незаборавни сцени му припаѓаат на актуелниот бестселер на Peugeot и носител на титулата на автомобил на годината, Peugeot 308.
Исто како во акцискиот трикер „Такси“, со Peugeot 406, или во „Транспортер“, новиот блокбастер „Луси“ прикажува незаборавни сцени со брзо возење. Сцената како Скарлет Јохансон „бришка“ по париските улици со Peugeot 308 сигурно ќе се вброи меѓу највпечатливите кино сцени што досега ги доживеал градот на Сена. Лук Бесон цели пет години го подготвуваше сценариото за филмот, за на крајот да го реализира со интернацонални мега ѕвезди во татковината на марката со лавот.
Јохансон (Луси) во францускиот акционен филм е студентка што против нејзина волја запаѓа во сомнителна зделка и присилена е нејзиното тело да го користи за сокривање на мистериозни дроги. Опасната материја навлегува во нејзиниот крвоток и ја претвора Луси во беспоштедна предаторка со натчовечки сили. Тајната материја го зголемува капацитетот на нејзиниот мозок секоја минута. Што ќе се случи кога се достигнат 100 проценти не знае ни професорот Семјуел Норман (Морган Фримен). Не знае ниту комисарот Риер дел Рио (Амир Вакер, Сиријана), чијшто службен Peugeot 308 ќе го „конфискува“ Луси.
Новото ремек дело на Лук Бесон, освен во земјите од англиското говорно подрачје ќе се прикажува и во Европа, Индонезија, Јапонија, Кореја, Нов Зеланд, Русија и Јужна Америка.
















