за

Производителите штедат на тестирање на новите мотори и менувачи

Статистиките откриваат рапиден раст на бројот на дефекти на мотори и менувачи. Штедењето и трката за поголема моќност се виновници за тоа. Купувачите станаа тест возачи.

Според статистиката на „Кар гаранти“, еден од најголемите осигурители на гаранција во Европа, дефектите се наоѓаат на четвртото место на списокот на најчести дефекти кај автомобилите, но поради скапата поправка тие претставуваат најголем трошок за покривање од страна на осигурителната компанија.

Споредбата на статистичките податоци од последните пет години покажува алармантен тренд. Бројот на дефекти на мотори во периодот од 2008 до 2013 се зголемил за 8,2 проценти, додека дефектите на менувачи зачестиле за дури 21,6 проценти. Наспроти тоа, во истиот период следува изненадувачко намалување на бројот на дефекти во електриката за 9,0 проценти, како и опаѓање на дефектите во издувниот систем за 23,8 проценти. Трендот открива негативен тренд и кај сопирачките, управувањето и безбедносните системи.

Смалувањето на моторите влијае врз нивната трајност

Статистиките се темелат на 2,5 милиони користени возила од сите марки и модели, на коишто осигурувањетоп на гаранцијата им истекло меѓу 2008 и 2013 година. Кои се причините за очигледното опаѓање на квалитетот на моторите и менувачите? Експертите ценат дека трендот на смалување на моторите, т.н. даунсајзинг, како и постојаното тежнеење за извлекување колку е можно повисока моќност од моторите, влијаат негативно врз трајноста на овие компоненти.

Острата конкурентска борба и постојаниот притисок за смалување на трошоците меѓу производителите на автомобили и добавувачите на автомобилската индустрија, како и сé пообемното вградување на скапа електроника доведоа до намалување на квалитетот. Според некои експерти, возачите помалку се грижат за одржувањето на своите возила, што исто така претставува дополнителен фактор во зголемувањето на бројот на дефекти.

Овие статистички показатели добиваат поткрепа и од растечкиот број на сервисни повици од страна на производителите на автомобили. Како последица од беспоштедната конкурентска битка на пазарот и од брзото заменување со нови моделски генерации, производителите го запоставија долгоричниот квалитет на возилата. Покрај тоа, во автомобилите сé повеќе се вградуваат недоволно испитани технолошки иновации, поради што купувачите се претворија во тест возачи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce најави четврта моделска серија

Peugeot 308 во блокбастерот „Луси“ на Лук Бесон