Opel стартува со продажба на Adam и Mokka во Јужна Африка

2. OPEL MOKKA, продадени примероци 87,383 (+40.5%)

Трендовското мини Adam и кросоверот Mokka од следната година ќе се продаваат во Јужна Африка. Opel планира до 2018 година да претстави 27 нови модели и 17 нови мотори на различни пазари.

Откако Германците одржаа премиера на нивните модели Adam и Mokka на салонот на автомобили во Јоханесбург во минатата година и по позитивната реакција на купувачите и медиумите, од следната година овие два модела на Opel ќе бидат достапни и во Јужна Африка. Пазарот во оваа држава од Југот на Африка постепено закрепнува и во првите седум месеци од оваа година Opel забележа пораст од дури 54 проценти. Воведувањето на новите модели Adam и Mokka ќе придонесе овој раст да продолжи уште поубедливо. Понудата на мотори и нивоа на опрема ќе се утврдат непосредно пред почетокот на продажбата.

Претходна објаваСкулптура на Jaguar XE поставена во музејот на дизајн во Лондон
Следна објаваNissan Pulsar: Може ли Nissan да биде обичен?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here