за

Opel пушта стотици работници на скусено работно време

opel fabrika riselshajm
opel fabrika riselshajm

Слабата продажба на Opel условува поголемиот дел од вкупо 2.600 работници во матичната фабрика во Риселсхајм да доаѓаат една недела на работа, а во следната да одмораат дома.

Една недела ќе работат на монтажа на автомобили, а во следната недела ќе одмораат. Стотици вработени на Opel ќе мора да се навикнат на овој ритам. Марката со богата традиција мора да им одреди скусено работно време на повеќето од своите 2.600 вработени во матичната фабрика во Риселсхајм. Германскиот економски дневник „Ханделсблат“ објави дека менаџментот и синдикатот се сложиле околу овие присилни мерки за скусување на продукцијата.

Скусената работа ќе започне уште во октомври и ќе се применува во следните шест месеци. Вработените ќе добиваат соодветно пониски плати во претстојниот период. Планот на Opel е во следното полугодие да го сведе производството на само една работна смена.

Продажбата на знаменосецот Opel Insignia е смалена за 31% во споредба со лани

Главната причина за скусувањето на продукцијата е слабиот интерес на пазарот за лимузината од средната класа Insignia. Во првото полугодие од 2018 година, Opel продаде 43.000 примероци од својот знаменосец, додека во истиот период годинава, продажбата спадна на само 29.500. Тоа е драстичен пад од дури 31 проценти.

Производителите практикуваат во една фабрика да произведуваат најмалку два модели, заради надоместување на падовите во продажбата, како што е случај со Insignia. Вториот модел во Риселсхајм е Zafira, но ванот престана да се произведува летоска. Дури во 2021 година пристига новата генерација на Opel Astra, којашто ќе биде втор модел покрај Insignia.

Од преземањето на Opel од страна на францускиот PSA пред две години, на германската марка ѝ беше одредено да го намали персоналот за 6.800 работни места.

Opel Senator пред 40 години им ги мрсеше конците на Mercedes & Co

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

koenigsegg mienje detalno specijalist

Како се мие автомобил од три милиони долари и со 34 слоеви лак

Volvo XC 40 ilustracija promocija

Volvo со промотивни цени за возила на лагер, најава за новиот S60