за

Volvo со промотивни цени за возила на лагер, најава за новиот S60

Volvo XC 40 ilustracija promocija
Volvo XC 40 ilustracija promocija

Со почетокот на месец oктомври пристига и пријатно изненадување од Volvo Cars Македонија. Официјалниот застапник на шведската марка, Premium AGS, најави кампања со промотивни цени за сите автомобили на лагер. За сите оние кои се заинтересирани да зачекорат во светот на Volvo, октомври е вистинскиот месец да го сторат тоа.

Бенефициите се однесуваат за сите модели на Volvo кои во моментов се изложени во салонот на Volvo Cars во Скопје, а тоа ги вклучува V40, XC40, XC60, XC90, како и V60 и S90. Промоцијата доаѓа откако изминатиот месец, Volvo започна со промоција и на новиот начин на финансирање: Volvo Car Финансирање со фиксна каматна стапка од 4,5% и отплата до 84 рати (во соработка со S-Leasing).

Од Premium AGS најавија уште два важни настани кои се планирани во текот на оваа кампања, а тоа е домашната премиера на новиот Volvo S60 – модел кој конечно пристигна во Македонија (и тоа во R-Design изведба), како и специјален настан за сите заинтересирани за запознавање со моделите на Volvo – Отворен ден во салонот во Скопје кој ќе се одржи кон средината на октомври.

Volvo S60
Volvo S60

Volvo Cars ги поканува сите заинтересирани да го посетат салонот во Скопје и да се направи пробно возење.

Посебна страница е организирана за закажување пробно возење: https://www.volvocars.com/mk/test-drive

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

opel fabrika riselshajm

Opel пушта стотици работници на скусено работно време

Abarth испечати поштенска марка за 70-годишнината

Abarth испечати поштенска марка за 70-годишнината