Abarth испечати поштенска марка за 70-годишнината

Abarth испечати поштенска марка за 70-годишнината
Abarth испечати поштенска марка за 70-годишнината

Abarth одбележува 70-годишнина и издаде пригодна поштенска марка пред завршната прослава „Деновите на Abarth 2019“. Меѓународниот собир на фанови на марката се одржува на 5-ти и 6-ти октомври во Милано.

На поштенската марка е прикажано официјалното лого на прославата на 70-годишнината, а креирана е од Филателистичкото биро на Сан Марино. Со печатен тираж од 60.000 примероци, со вредност од по 1,60 евро, марката е колекционерска и ги одбележува многубројните тркачки победи на италијанската марка.

Главната улога во прославата ја имаат моделите од специјалната серија „70° Anniversario“, во којашто спаѓа Abarth 595 esseesse, во изведба во стил на 1960-те и Abarth 124 Rally Tribute, во чест на победите на Abarth 124 rally во 2018 година.

https://www.instagram.com/p/B2MF-juDsHF/

Прославата се заокружува со Деновите на Abarth 2019, најголем собир на љубители на марката во Европа, којшто ќе се одржи на 5-ти и 6-ти октомври во футуристичкиот „Milan Innovation District“ (MIND).

https://www.abarth.com/scorpionship/eventi/abarth-day-2019

 

Претходна објаваVolvo со промотивни цени за возила на лагер, најава за новиот S60
Следна објаваAudi произведе даска за сурфање од пластичен отпад