Opel пред неколку седмици ги повика студентите на дизајн и креативните таленти, во рамките на „Rocks-e-Design-Hack“ да создадат колку може понеобичен, па и откачен дизајн на Rocks-e. Одговорите пристигнаа брзо и масовно.
Жирито составено од шефот на Opel, Флориан Хуетл, од главниот дизајнер Марк Адамс и од познатата инфлуенсерка Џесика Тен (https://www.instagram.com/jessicarmaniac/) доживеа одушевување од идеите и од дизајните што пристигнаа на конкурсот.
Победи дизајнот на Лукас Венцхефер, студент на прочуениот Универзитет за дизајн во Форцхајм, во германската сојузна покраина Баден Виртемберг. Тој го претвори лесниот електричен четирицикл Opel Rocks-e во машина за уживање во теренско возење, именувана „Rocks e‑xtreme“.
Opel ќе изработи автомобил според победничкиот дизајн на Лукас. Новината е во тоа што заедницата ќе може во секој момент да фрли поглед, како напредува реализацијата на необичниот автомобил Rocks e-xtreme, преку друштвените мрежи.
View this post on Instagram
„Големиот број необични дизајнерски нацрти за Opel Rocks-e покажуваат дека е големо одушевувањето од нашиот иновативен градски автомобил на струја – и тоа, во целиот свет! Големиот интерес и единствените идеи се доказ, за големиот потенцијал во елкетормобилноста и во малечките, лесни основни модели“, објаснува шефот Флориан Хуетл.
Opel Rocks-e во неколку држави во ЕУ може да се вози веќе од 15 годишна возраст – чисто и на струја
Студентот на индустриски дизајн, 26-годишниот Лукас Венцхефер, ја опишува својата креација: „Opel Rocks-e им овозможува на младите да бидат мобилни и да уживаат во непречистено уживање во возењето. Мојот концепт се заснова врз овие точки и ги поместува во екстреми… додадената спортска нота ветува големо уживање во возењето, за да покаже дека електромобилноста е повеќе од само разумен избор“.
Тркалата се извлечени нанадвор и обезбедуваат широка трага и сигурно лежење, со двојни водилки напред и со дречливо жолт заштитен кафез. Назад не може да се превиди големиот спојлер, со натпис „e-xtreme“ и со број „001“
Читателите на германскиот магазин auto motor und sport неодамна го изгласаа за најдобар дизајнерски новитет во категоријата на мини-автомобили.
Opel Rocks-e KARGO: Пица-достава на струја, тоа ни е многу познато