за

Германската марка Borgward објави банкрот во Кина

Кинескиот Beiqi Foton Motor своевремено ја врати во живот некогаш славната германска марка Borgward.

Судот во Пекинг прогласи банкрот на Borgward, некогашна германска марка што пред неколку години се врати на пазарот, преку кинескиот Beiqi Foton Motor, што е огранок за камиони на кинескиот производител на автомобили BAIC Group, во државна сопственост.

Borgward, некогаш трет најголем производител на автомобили во Германија, доживеа ликвидација во 1961 година. Пред осум години, во 2014, Foton ги откупи правата да располага со марката Borgward, во намерата да ја прошири својоата понуда од патнички автомобили на пазарот во Кина.

Во периодот од 2015 до 2019 година, Borgward пушти во продажба четири кросовери со бензински мотори – BX3, BX5, BX6 и BX7. Од најголемиот модел беше дополнително понудена и верзија со погон чисто на струја, којашто се продаваше во Кина. Возилата се произведуваа во обновената фабрика на Foton во близина на Пекинг.

Марката со звучно германско име сепак не успеа да постигне позначаен успех и да освои барем мал дел од пазарот.

Откако го достигна максимумот во 2019 година со произведени 55.000 возила, годишната продажба почна нагло да се смалува и во минатата година се сведе на само 3.600 возила.

Поради слабата продажба, Borgward бележеше загуба во висина од околу 564 милиони долари во периодот меѓу 2016 и 2018 година. Само во 2021 година, марката имаше минус од преку 4,7 милијарди јуани, како што покажуваат котирањата на Foton на берзата во Шангај.

Ништо не му помогна на Borgward да освои купувачи

Borgward започна со продажба на BX7 во Европа во 2018 година, за во следната година да најави отворање фабрика во Бремен, Германија, со капацитет за 10.000 возила годишно. Фабрика не проработе.

Германската марка Borgward се враќа во живот: Но, како?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Синтетските горива се чиста замена за фосилните горива, тестираше ADAC

Четирициклот на Opel им се погоди како инспирација на идните дизајнери