за

Синтетските горива се чиста замена за фосилните горива, тестираше ADAC

Е-горивата и ХВО-дизелот важат како горива што не ѝ наштетуваат на климата. Дали тие горива може да се користат уште денес? Клубот ADAC провери.

Дали синтетските бензин и дизел навистина се добри за животната средина и дали при нивно користење се зголемува потрошувачката, па дури и емисијата на штетни материи? Сето тоа беше предмет на обемно и повеќемесечно тестирање од страна на германскиот клуб ADAC.

Електромобилноста напредува незапирливо, со растечка продажба на возила и ширење на мрежата од полначи. Но, кога ќе се има предвид дека мноштвото возила во тековен сообраќај користат дизел или бензински мотор, неминовно е да се зборува за моторни горива што се неутрални во поглед на емисијата на СО2. Најбројниот и највлијателен клуб на возачи во Европа, германскиот ADAC, напоменува дека дури и во случај кога ќе се достигне политичката цел за возниот парк во Германија до 2030 година да располага со 15 милиони електрични возила, останатите 30 милиони возила и натаму ќе возат со обични фосилни горива. Користењето на тие горива ѝ наштетува на животната средина.

Тоа се моторните горива на иднината: Што нуди оваа технологија?

Од теоретско гледиште е-горивата важат како решение за проблемот. За производство на е-горива се потребни „само“ струја, вода и СО2, гасот што опасно ја загрозува атмосферата. Користа од технологијата е во тоа што СО2 се одзема од атмосферата. Доколку оваа постапка се одвива со користење струја од обновливи извори, значи од ветер или од сонце, е-горивата навистина нудат предимство како енергенс што не ѝ наштетува на климата.

Така изгледа eFuel од фирмата CAC, без додаден биоетанол (фото: ADAC)
Така изгледа eFuel од фирмата CAC, без додаден биоетанол (фото: ADAC)

Проблемот е во тоа што поради големиот број на одделни чекори, при производсрвото на е-горивата се случуваат големи загуби, односно се намалува ефикасноста на процесот. Од енергијата што се користи во процесот, од аспект на „Well to Wheel“, односно од „изворот до тркалото“, на крајот остануваат само 15 проценти. За споредба, кај електричните автомобили 70 до 80 проценти од појдовната енергија се претвора во вистински погон. Друг проблем е тоа што не постојат индустриски постројки. За нивна изградба се потребни искуства, многу време, многу површина и огромна сума пари.

Споредбата покажува колку возила се покриваат со енергија од ветерница со моќност од 3 MW

Таканаречените HVO-горива (Hydrogenated Vegetable Oils, хидрогенизирани растителни масла) не се толку далечни. Овој вид хидрирани растителни масла, што спаѓа меѓу парафинските горива, веќе се применува како замена за дизелот. Во Скандинавија, на пример, HVO-горивото е пуштено во редовна продажба на станиците за гориво. Како појдовно гориво се користи биомаса, вклучувајќи остатоци и отпад, што прави овие горива да бидат од одржлива природа.

Двата вида горива се ценат како енергенси што ќе се применуваат во сообраќајот во иднина. Поради тоа, клубот ADAC изврши мерење, какви последици има нивното користење во поглед на потрошувачката, емисијата на штетни материи и колку моторите ги поднесуваат тие горива. Досега нема мерења што се извршени надвор од лабораториите на производителите.

Нема проблеми: Тестот на е-горивата во практика мина успешно

Проектот се одвиваше во соработка со централната германска комора за моторни возила и со тв-емисијата „Die Autodoktoren“, во шериод од јуни до август годинава. За тестирање послужи користен VW Golf VII 1.4 TSI, во којшто се точеше е-гориво што е достапно во моментов. Горивото го обезбеди хемиската UNITI, што во пробна постројка во кругот на хемискиот гигант Хемниц произведува синтетско моторно гориво.

Тоа е Golf што во изминаативе месеци се појавуваше во емисијата „Die Autodoktoren“

Резултатот од тестирањето во практика: Кај Golf со несменета техника, што се возеше неколку десетици илјади километри со е-горива, во поглед на техничките својства, моќноста и возните својства не беа утврдени разлики.

Во друг проект што се одвива во долг временски период, од страна на одделението за класични автомобили на ADAC, се тестираше дали е-горивата во принцип може да се користат кај олдтајмерите, како VW Bus T1. Целта е да се провери дали горивото ги општетува моторот, заптивките, цревата за гориво или пумпата за гориво. Тука се тестираше гориво што е развиено со цел да се користи во мотоспортот. Тој е погоден за користење, за разлика од етанолот, што олдтајмерите главно не го поднесуваат.

Мерење на емисијата на штетни материи на пробни валци

Горивата се тестираа на пробните валци на ADAC во пет различни модели. Во повеќе од 100 мерења, што соодветствува на долготрајно мерење во временска рамка од два месеци, толно се мереа издувните гасови и потрошувачките. Сите пет возила мораа да го минат утврдениот еко-тест на ADAC.

Тестирање со е-бензин:

  • VW Golf VIII
  • Ford Fiesta
  • VW Golf VII

Тестирање со HVO-дизел:

  • BMW 320d
  • VW Touran TDI

Мерења на емисијата со е-бензин

VW Golf VIII

Тестираниот Golf 2.0 TSI потекнува од актуелната генерација бензинци со турбонатполнење, директно впрскување и филтер за честички чад. Тој ја исполнува нормата Euro 6d. Сите мерења потврдија мошне ниска емисија на штетни материи на моторот. Во сите циклуси се добија вредности што се далеку под граничните. Емисијата на честички чад е исклучително ниска кај двата вида гориво. Емисијата на NOx, кај горивото што се произведува со користење струја, се намалува за дури 40 проценти.

Ford Fiesta

Моторот 1.0 EcoBoost е меѓу првите Euro 6 мотори во моделот. На тестирањето, вредностите делумно беа во границите. Со е-бензинот од CAC има мало влошување кај азотните оксиди, но процентуиалната разлика е толку ниска (во апсолутни вредности), што се сведува на мерни толеранции.

VW Golf VII

Тоа е Golf што се вози на супертест во ADAC, со 1,4-литарски турбо бенинец. Тој не поседува филтер за честилки чад, но спажа меѓу технички понапредните мотори, што емисијата на честички ја спреува преку мерки во самиот мотор. Со горивото E10 од фирмата CAC, емисијата се менува незначително. Емисијата на азотни оксиди е малку зголемена, исто како и честичките во издувните гасови, но вредностите остануваат во дозволени рамки.

Мерење на штетните материи со HVO-дизел

BMW 320d

Бидејќи BMW дозволува користење парафински горива, како што е HVO, во целиот свој возен парк со дизел мотори, за тестот можеше да се користи BMW 320d Touring од 2013 година, со 280.000 километри. При мерењето, BMW ги исполнува законските барања и со минерален и со парафински дизел. Поради пониската енергетска густина на HVO, потрошувачката се зголемува, но емисијата на СО2 останува иста.

VW Touran TDI

VW исто така одобри парафински горива за своите модели со дизел мотор, но не ретроградно, како BMW. Најнвоата генерација дизели со 4 цилиндри располага и со двоен систем SCR со впрскување AdBlue. Тоа овоможува мерните вредности на штетни материи да бидат мошне ниски. Со HVO 100 исто така не се менува емисијата и сите вредности се под границите. Зголемените вредности на азотни оксиди спаѓаат во мерни толеранции.

Позитивен СО2-биланс за е-горивата и за HVO

Мерењата на СО2 покажуваат дека локалната емисија на СО2 со е-гориво и со HVO останува на исто ниво како со фосилните горива. Разлика сепак постои при користењето фосилно или синтетско гориво, затоа што емитираниот СО2 во случај на синтетско или биогориво се одзема директно од атмосферата (е-бензин), односно се неутрализира од растенијата. Во крајниот биланс не се зголемува оптоварувањето на атмосферата со СО2 и кругот се затвора.

Suzuki Vitara Strong Hybrid · Колку менува брзото возење кај хибриден погон?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda ќе побрза со лансирањето на трите електрични модели

Германската марка Borgward објави банкрот во Кина