Skoda ќе побрза со лансирањето на трите електрични модели

Шкода Вижн 7С

Чешката марка Skoda, дел од групацијата Volkswagen, ќе лансира три нови електрични модели до 2026 година, четири години порано отколку што се планираше првично.

Чешкиот производител на автомобили ќе го намени најголемиот дел од планираните вложувања во новите електрични модели. Тоа го изјави шефот Клаус Целмер за германскиот економски дневник Ханделсблат.

Со новите модели, уделот на електрични автомобили во понудата на Skoda во 2030 година ќе достигне 70 проценти.

„До 2026 година ќе лансираме уште три електрични модели, а ќе следат и други. Тоа е порано отколку што планиравме првично“, изјави Целмер во интервјуто за Ханделсблат.

„Во електромобилноста вложуваме 5,6 милијарди евра до 2026 година. Тоа е околу 80 проценти повеќе отколку што планиравме пред една година“, додава Целмер.

Skoda во моментов нуди само еден целосно електричен модел, Enyaq. Платформата MEB што ја користи електричната Skoda е иста со платформата на СУВ-моделот VW ID4.

Чесите во август го прикажаа концептот Vision 7S, за кросовер со седум седишта што ќе го заокружи врвот на понудата на Skoda.

Шефот Целмер тогаш најави дека двата останати електрични модели на Skoda ќе бидат градски автомобил и кросовер од компакт класата. Градкиот модел ќе чини под 25.000 евра и се претпоставува дека неговото моделско име ќе гласи Elroq. Моделот ќе се произведува во Шпанија, заедно со VW ID2 и со Cupra Raval.

Проект на Škoda: Го даваат автомобилот под наем и заработуваат од тоа

Претходна објаваVolkswagen се токми за фабрика за батерии во Канада
Следна објаваСинтетските горива се чиста замена за фосилните горива, тестираше ADAC

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here