Деновите стануваат покуси, ноќите студени. Во студеното време од годината треба посебно да се внимава, за батеријата да се користи колку може поефикасно. Opel применува низа зафати, со цел електричната Mokka-e да ја минува зимата без какви било ограничувања во секојдневието.
Носителката на „Златен волан“ не го доби високото одликување туку така. Opel Mokka–e вози чисто на струја и не испушта ниту грам штетни материи, а поседува и низа технологии коишто помагаат досегот да не се скусува кога температурите ќе паднат.
Првите чекори за електричната Opel Mokka-e да работи ефикасно се прават уште пред стартот. Пред да појдат со возилото, на пример наутро за пат до работното место, возачите можат однапред да вклучат возилото да се загрее. Тоа се случува додека автомобилот е приклучен на полнач или на обичен домашен приклучок. Енергијата за кабината да се загрее, се влече директно од електричната мрежа, односно батеријата за тоа време останува целосно наполнета.
Со полна батерија, Opel Mokka-e минува до 328 километри. Посебноста на германскиот електромобил е во тоа што производителот стандардно вградува топлинска пумпа. Таа ја користи температурата што се ослободува од електромоторот при возењето и ја грее кабината. На тој начин се поштедува досегот, затоа што обично нема потреба да се вклучува посебниот електричен грејач за кабината.
Дополнителна комоција во секојдневието со електричниот автомобил е можноста преку аликацијата myOpel App однапред да се избере кога ќе почне да се грее кабината и на која точно температура да биде загреана истата, пред возачката или возачот да седнат во својот автомобил. Сето тоа може да се одвива далечински. Покрај тоа што во кабината ќе биде пријатно топло при седнувањето, исто и стаклата ќе бидат одмрзнати и одмаглени.
Секое сопирање се користи за енергијата на залетот да се претвори во електрична енергија за полнење на батеријата
Уште едно посебно својство, што прави задоволството при возење на струја да биде уште поголемо, тоа е повратокот на енергијата при сопирање, односно регенерацијата. При сопирање или при возење по надолнина, електромоторот дејствува како генератор, односно залетот го претвора во електрилна енергија, што се акумулира во батеријата. Во такви услови, возачите можат да го префрлат менувачот во програмата B, во којашто се засилува сопирањето, а со тоа се произведува и повеќе енергија.
Opel Mokka-e им нуди три програми на своите возачи: Eco, Normal и Sport. Во еко-програмата, стилскиот СУВ вози најефикасно. Доколку стои на располање брз полнач со еднонасочна струја, со моќност од 100 kW, батеријата ќе се наполни за само 12 минути.
View this post on Instagram
Тоа што батеријата е вградена во подот на Mokka-e оди во корист на возачкото уживање. Поради тоа што тешката батерија е вградена ниско, соодветно се спушта и тежиштето, па електричната Mokka-e постигнува темпераментни возни својства.
Еуроимпекс веќе извесно време ја има електричната Opel Mokka-e во редовна понуда на македонскиот пазар.
Тест: Opel Mokka е како враќање на Manta и Calibra во СУВ-ерата