за

Toyota постигна историски највисок удел на пазарот

Во првите девет месеци од годината, Toyota учествувала со 7,5 проценти во вкупно продадениот број возила во Европа. Тоа е уште еден во низата рекорди.

Повеќе од 813.000 автомобили од марките Toyota и Lexus се продадени на европскиот пазар меѓу јануари и септември. Toyota е втора најпродавана марка автомобили во Европа. На моделите со електромотор во погонот отпаѓаат две третини од вкупната продажба.

Европскиот огранок на Toyota пријави 813.547 продадени возила од марките Toyota и Lexus во првите девет месеци од 2022 година. Иако продажбата е 6 проценти под нивото од истиот период лани, автомобилскиот концерн сепак се држи подобро во овие кризни времиња, од европскиот пазар како целина. Во периодот од јануари до септември, во Европа биле продадени 16 проценти помалку возила од сите марки заедно.

Во поглед на пазарниот удел, Toyota Motor Europe дури постигна рекорд. До септември годинава, уделот е зголемен за 0,8 процентен бод во споредба со истиот период лани, и достигна рекордна вредност од 7,5 проценти. Во споредба со 2019 година, компанијата напредувала за вкупно два проценти бода. Марката Toyota покрива 7,2 проценти од пазарот. Тоа е за 0,9 процентен бод подобро од истиот период лани. Toyota и натаму е втора најпродавана марка автомобили во Европа.

Заслугата за ова напредување во продажбата лежи најмногу во електрифицираните модели на Toyota и Lexus. Со вкупно 540.777 возила, нивната продажба напредувала за пет проценти во споредба со лани.

Овие резултати ја отсликуваат силата на моделското семејство на Toyota и Lexus. Ние напредуваме значително подобро од пазарот, којшто назадуваше како последица од различни фактори што ја оптоваруваат целата автомобилска индустрија“, изјави Мет Харисон, претседател и извршен директор на Toyota Motor Europe. „Ние бележиме висока побарувачка за нашите електрифицирани модели и очекуваме книгите со нарачки и натаму да ни бидат полни – меѓу другото и поради воведувањето на следните нови модели на Toyota и Lexus.“

 

Марката Toyota во првите девет месеци продала вкупно 778.431 возила. Најполуларни моделски серии се Corolla, Yaris, Yaris Cross, C-HR и RAV4. Овие модели сочинуваат 60 проценти од вкупната продажба на марката. Уделот на електрифициран модели порасна за осум проценти, на вкупно 512.999 продадени возила. Тоа претставува удел од 66 проценти, односно е точно две третини од продажбата.

Lexus во истиот период испорачал 35.116 возила, со тоа што уделот на електрифицирани модели во престижната марка изнесува дури 79 проценти. Само за Западна Европа, нивниот удел изнесува 98 проценти, односно од секои сто возила, само две биле со бензински мотор, без поддршка од електромотор. Главнината од продажбата ја сочинуваат СУВ-модели и кросовери, односно UX, NX, RX и сериите GX и LX, што се нудат само на неколку пазари во Европа – овие моделски серии учесртвуваат со 89 проценти во вкупната продажба на Lexus.

Продажба во периодот од јануари до септември 2022:

TOTAL TOYOTA / LEXUS            813,547
TOYOTA            778,431
AYGO                8,112
AYGO X              48,893
Yaris (incl. Yaris Hybrid)             134,896
  Yaris Hybrid             104,954
Yaris Cross (incl Yaris Cross Hybrid)             115,287
Yaris Cross Hybrid             108,279
Corolla H/B & Touring Sports (including Hybrid)              85,036
  Corolla H/B & Touring Sports Hybrid              81,390
Toyota C-HR (incl. Hybrid)              92,063
  Toyota C-HR Hybrid              91,714
Corolla  SDN (incl. Hybrid)              58,151
Corolla SDN Hybrid              29,948
Prius Family                1,316
Prius                   709
Prius Plug-in Hybrid                   607
Mirai                   506
Camry (incl. Camry Hybrid)              12,964
  Camry Hybrid                6,078
Supra                   689
RAV4 (incl. RAV4 Hybrid & RAV4 Plug-In Hybrid)              92,854
RAV4 Hybrid              58,909
RAV4 Plug-In Hybrid              17,399
Highlander (incl. Highlander Hybrid)                7,141
Highlander Hybrid                6,743
Land Cruiser              25,536
Hilux              33,506
PROACE (inc PROACE EV)              27,301
PROACE EV (inc PROACE VERSO EV)                3,420
PROACE CITY              27,931
PROACE CITY EV (inc PROACE CITY VERSO EV                2,343
Other models 6,249
LEXUS              35,116
IS (incl. IS Hybrid)                     70
ES (incl. ES Hybrid)                3,415
   ES hybrid                2,725
LS (incl. LS Hybrid)                   142
   LS hybrid                   138
NX (incl. NX Hybrid)              10,912
   NX hybrid                4,901
   NX PHEV                4,950
UX (incl. UX Hybrid)              10,852
   UX Hybrid                9,081
   UX EV                1,329
RX (incl. RX Hybrid)                8,036
   RX hybrid                4,615
RC (incl. RC Hybrid)                     13
LC (incl. LC Hybrid)                   209
  LC hybrid 39
GX                   294
LX                1,173

Toyota Motor Europe ги покрива сите земји во Западна, Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Турција и Русија, како и Израел и бројни пазари во Централна Азија (Ерменија, Азербејџан, Грузија и Казахстан)

Моделите што се прикажани во италик се произведуваат локално во Европа.

https://automedia.mk/objavi/top1-plasmani-euro30-modeli/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрична Opel Mokka-e нема проблем со палење зиме

ЕУ бара нејзините автомобили во САД да имаат исти повластици како американските