за

Opel Mokka најдобра придружничка за светскиот ден на кафето

Возачки и возачи на повеќе од 50 пазари уживаат во „вкусот“ на Opel Mokka. Германската марка уште еднаш потсеќа на подготовката на кафето што е во името на популарниот модел.

Семоќниот гугл го кажува и тоа: Кафето е најомилен пијалок на планетата, веднаш по водата. На 1-ви октомври се прославува Светскиот ден на кафето. Тоа може да биде одличен повод да се посети салон на Opel и да се погледне моделот што го отпочна новото дизајнерско поглавје на германската марка, со визор-дизајнот.

Постојат бројни спрегу меѓу омилениот начин на подготовка на кафе и името на моделот на Opel коешто директно се поврзува со тоа. Една од тие спреги: Во Opel Mokka се ужива насекаде, од Норвешка до Јужна Африка, и од Нов Зеланд до Колумбија. Најкомпактниот модел на Opel е присутен на повеќе од 50 пазари ширум светот.

Тоа што му дава дополнителна посебност на овој купе-СУВ-кросовер е дизајнот. Mokka има впечатлива појава и се разликува од стилски поумерениот и подомаќински Crossland. Риселсхајм првпат го примени својот визор-дизајн, со маската што потсеќа на визор на кацига, токму кај Mokka.

Opel со овој модел постигнува убедлив настап и на сцената на батериските електрични модели, каде што Mokka Electric се вбројува меѓу најбараните модели. Според стратегијата на Opel, паралелно да се нудат повеќе видови погон, секако дека Mokka е достапна и во изведба со штедливи бензински мотори.

Заедно со Opel Vizor, ова стилско парче го донесе за првпат и Pure Panel, дигиталниот кокпит, со двоен дисплеј под заеднички панел, што се протега долж арматурната табла.

Mokka Electric е носителка на „Златен волан 2021“ и за тоа се избори со примерните перформанси. Со електромотор со 100 kW и максимален вртежен момент од 260 Nm, којшто црпи енергија од батерија од 50 kWh, купе-кросоверот може да постигне досег до 338 километри. Брзината е ограничена на 150 km/h.

Кога автоматскиот менувач ќе се префрли во „B“ за Boost, дејството на електромторот да го забави возилото при отпуштање гас се зајакнува, а со тоа се засилува и повратокот на енергија што се насочува кон батеријата и истата се дополнува.

Mokka Electric стандардно располага со можност за користење брзи полначи со моќност до 100 kW. Во најдобар случај, батеријата се полни до 80% за триесетина минути.

Од класичната понуда, на располагање стои турбо-бензинец од 1,2 литар, со моќност од 100 или 136 КС. Во посилната изведба може да се нарача 8-степениот класичен автоматик, како еден од „специјалитетите“ на Opel и на концернот Stellantis.

Еден тест што перд две години го направивме со Opel Mokka: Споредбено водење, еднаш бавно, еднаш побрзо, за проверка колкава е разликата во времетраењето на возењето и влијанието врз потрошувачката

Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Петстотини водородни Toyota Mirai за Олимпијадата 2024

Германија: Само еден ден субвенции за соларна струја за електрични автомобили