за

Петстотини водородни Toyota Mirai за Олимпијадата 2024

Големата лимузина со погон со горивни ќелии ќе го круниса возниот парк од електрични автомобили на Toyota за најголемиот спортски настан во 2024 година.

За Олимписките и Параолимписките игри во 2024 година во Париз, Toyota ќе обезбеди 500 лимузини Toyota Mirai, коишто се движат со погон на водород. Овие автомобили со најнапредниот погон што досега е излезен од фабрика, дел се од официјалниот возен парк, што Toyota го обезбеди како партнер на Игрите.

Преку возила и превоз од одржлива природа, Toyota ќе придонесува за општество што контролирано испушта СО2 и воедно за инклузивно општество.

„Во 2018 година, Акио Тојода најави важна пресвртница за Toyota: Трансформација од производител на автомобили, во компанија што ги нуди сите решенија за мобилност. На тој начин, сакаме да излеземе надвор од границите на нашата бранша и да создаваме подобро општество што се базира врз СО2-неутралност“, кажа Франк Мароте, претседател и извршен директор на францускиот огранок на Toyota.

За оваа цел да се достигне, Toyota применува ангажман на широк фронт, со нагласок на технологијата, којшто досега од целосно хибридни и приклучни хибридни автомобили, преку батериски електрични автомобили, до возила со погон на водород. Така ќе се постигне, клиентите во сите региони ширум светот да добијат пристап до возила со ниска, односно нулта емисија, што најдобро излегуваат во пресрет на нивните барања.

Toyota Mirai користи горивни ќелии, во коишто чистиот водород преоѓа во електрична енергија. Таа енергија се користи за напојување на погонскиот електромотор со моќност од 130 kW, односно 182 КС. Главната предност на водородниот погон, е во тоа што Mirai нема тешка и скапа батерија, туку резервоари со водород, во коишто „горивото“ се полни за само неколку минути и потоа стои на располагање досег што е споредлив со возилата со обичен мотор.

За време на својата служба за Олимпијадата во Париз во 2024 година, во службените Toyota Mirai ќе се точи водород што е произведен од одржливи извори. Снабдувач со водород е Air Liquide, воедно и еден од официјалните спонзор на Олимпијадата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW ќе воведе нови ознаки за своите модели

Opel Mokka најдобра придружничка за светскиот ден на кафето