за

Поранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност

Поранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност
Поранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност

Фабриката којашто до 2014 година ги произведуваше Astra и Zafira, а порано и Kadett или Manta, денес е работно место за врвни ИТ-експерти. Во некогашните погони на Opel во Бохум, меѓу другото, ќе се вдоми и новиот оддел за сајбер-безбедност на прочуениот институт Макс Планк.

Просторот на поранешната фабрика на Opel во Бохум прерасна во центар за истражување и развој во подрачјето на интернет безбедноста. Таму ќе се вдоми и новиот огранок на прочуениот институт Макс Планк за сајбер-безбедност и заштита на приватната сфера. Бохум е главниот центар на територијата на Германија во поглед на сајбер-безбедноста.

Во поранешните хали ќе се всели и фирмата за ИТ-безбедност Escrypt, воедно и посестринска компанија на Bosch. Таа е класичен пример за успешен стартап, којашто денес прерасна во светски лидер на подрачјето на безбедноста на податоците од автомобилите.

Фабриката на Opel во Бохум го прекина производството по 52 години

Последниот автомобил на Opel излезе од погоните во Бохум на 5-ти декември 2014 година. Тоа го означи крајот на автомобилското производство со 52-годишна традиција. Локацијата беше избрана со цел да се надомести за губитокот на работни места во рудничката бранша. Во најдобрите времиња, фабриката вработуваше до 20.000 лица, во монтажата на легендарните Kadett и Manta, како и на Astra и Zafira. Во времето кога запреа лентите, фабриката ангажираше околу 3.000 лица.

Моментно се обезбедени корисници за околу 60 проценти од површината на некогашниот фабрички двор на Opel. Во новите фирми ќе работат повеќе од 6.000 лица. Во минатиот месец, службата за брза достава на пакети на Дојче Пост отвори голем центар за пакети, кој вработува 600 лица.

Opel фабрика Бохум пакети
Голем центар за распределба на пакети на DHL Deutsche Post во поранешната фабрика на Opel во Бохум

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault gliser elektricen sena pariz

Стари батерии на Renault служат во електричен глисер во Париз

recaro podium

Recaro нуди тркачко седиште што е дозволено и за во сообраќај