Recaro нуди тркачко седиште што е дозволено и за во сообраќај

recaro podium
recaro podium

Recaro Podium е првото седиште од специјалистот коешто ги исполнува барањата на ФИА, а воедно поседува и хомологација за користење во обичен сообраќај. Школката е изработена од полимер зајакнат со карбонски влакна. Со своите шест килограми, вклучувајќи ја облогата, „Podium“ е најлесно седиште во сегментот.

На потпирачот за грб се наоѓаат три отвори за ремен. Низ двата долни отвори може да се спроведат ремени со четири точки, како што се познатите „трегерски“ ремени од Schroth. Во автомобили за нормален сообраќај може да се користат и класични ремени со три точки.

Перничињата на допирните точки меѓу телото и школката на седиштето може да бидат изведени во различни бои и од различен материјал, а воедно овозможуваат и „природно“ вентилирање на седиштето. Воздухот може да циркулира во каналите меѓу перничињата и низ отворите во школката.

Школкестото седиште ќе се пушти во продажба од следното лето, со M и L големина на перничињата, со цени меѓу 2.650 и 2.990 евра. Recaro Podium е воедно и првото тркачко седиште со дозвола за користење во редовен сообраќај, коешто го добива ценетиот печат AGR од здружението на германските ортопеди, за седишта кои обезбедуваат правилна потпора на телото.

Седиштата на Ford Focus со печат од ортопедите

https://www.instagram.com/p/B5czhUFqflu/

Претходна објаваПоранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност
Следна објаваНе мора скапо да се плаќаат батериите: Тролејбуси во норвешкиот Берген

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here