за

Не мора скапо да се плаќаат батериите: Тролејбуси во норвешкиот Берген

Solaris Trolino 18 Bergen
Solaris Trolino 18 Bergen

Берген е единствениот град во Норвешка и втор во цела Скандинавија што користи тролејбуски систем за напојување на електромоторите во автобусите во градскиот превоз. Производителот Solaris доби налог за нови десет автобуси кои ќе го освежат возниот парк во градот е познат како „порта до фјордовите“.

Компанијата за јавен превоз Keolis Norge нарача 10 зглобни тролејбуси Solaris Trolino 18 за градот Берген, вториот најголем град во Норвешка. Познат и како „порта до фјордовите“, градот е на списокот на заштита на Унеско и единствен е во земјата, а втор во цела Скандинавија, што користи тролејбуси.

Електричните автобуси во вкупна вредност од осум милиони евра ќе бидат испорачани во септември 2020. Возилата со нулта емисија на штетни материи од полскиот производител ќе се користат на единствената тролејбуска линија во Берген, во должина од 7,5 километри. Станува збор за прва испорака на тролејбуси на Solaris за Норвешка.

Нарачаните зглобни автобуси Trollino 18 користат електромотор со моќност од 250 kW, односно 340 КС. Тролејбусите ќе поседуваат и релативно мала батерија од 55 kWh, со којашто ќе може да се минат 11 километри надвор од тролејбускиот систем. Батеријата ќе се полни при возење, со користење на технологија на „полнење во движење“, преку колекторите што се поставени на возилото.

Капацитетот е 47 седишта со многу простор околу – сите опремени со безбедносен ремен. Во делот на нискиот под ќе бидат поставени десет седишта, за патници со ограничена мобилност. Едно од седиштата зад возачката кабина ќе може да се собори, за сместување на пес-водич за слепи лица. Исто така е предвиден простор и за патници со инвалидска количка, со ремен за прицврстување на количката, а секако има и преклоплива рампа за пристап. При запирање на станица, десната страна на возилото се спушта за седум сантиметри.

Solaris е лидер на пазарот на тролејбуси во ЕУ; Во шведската Ландскрона служат пет автобуси со нулта емисија на штетни материи во јавниот превоз

Возачот пред стартувањето на автобусот ќе мора да изврши проверка на присуството на алкохол преку здивот. Посебно за Скандинавија, автобусите поседуваат дополнителна топлинска изолација, што воедно придонесува и за намалување на потрошувачката на енергија. Се предвидува и можност за користење синџири за снег.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

recaro podium

Recaro нуди тркачко седиште што е дозволено и за во сообраќај

Mitsubishi L200

Mitsubishi L200: Цврст како Pajero, удобен како Galant