Opel Corsa и натаму е најпродаван градски автомобил во Германија

Opel Corsa е неприкосновена во класата на градските автомобили во Германија, било да станува збор за конкуренција на сите модели во градската класа или само за моделите со погон чисто на струја.

Според најновите продажни статистики, што германската служба за моторен сообраќај ги води веројатно најдетално во светот, Opel Corsa и во јуни е најпродаван градски модел на тамошниот пазар, најголем автомобилски пазар во Европа. Corsa е прва и во општа конкуренција и во конкуренција на чисто електрични модели во градската класа.

Со близу 5.800 продадени примероци во јуни, Opel Corsa е пред Mini 3-door, Toyota Yaris, Skoda Fabia и VW Polo. На бестселерот од Риселсхајм отпаѓаат повеќе од 20 проценти од продажбата во класата, односно еден од секои пет продадени модели во градската класа е Corsa. Побарувачката за моделот на германскиот пазар во контиунитет е на високо ниво, што се потврдува и со првото место на моделот, според продажбата во првите шест месеци од годината.

Opel Corsa од јануари до јуни е продадена во 24.576 примероци, што е солидна предност пред Mini 3 door со 19.833 примероци и Toyota Yaris со 13.822 примероци, соодветно на второто и третото место во класата.

Одлично врви и продажбата на електричниот модел. Во минатиот месец, Opel Corsa-e постигнала 1.500 продажби, односно 6.500 продажби во првите шест месеци. Секој четврти електричен автомобил во градската класа е Corsa.

Во германската централа очекуваат уште поголем пробив на Opel на пазарот на електрични автомобили, откако в година стартуваат чисто електричните изведби на новите Opel Astra и Opel Astra Sports Tourer.

Најпродавани модели во градската класа во Германија во јуни 2022

Марка и модел

Јуни ’22

H1 ’22

OPEL CORSA 5744 24576
MINI MINI 3176 19833
TOYOTA YARIS 2448 13822
SKODA FABIA 1966 11897
VW POLO 1669 12757
MITSUBISHI MIRAGE, SPACE STAR 1583 10341
FORD PUMA 1451 9946
PEUGEOT 208 1267 6694
RENAULT ZOE 1095 6069
FORD FIESTA 980 6716
AUDI A1, S1 915 5410
HYUNDAI I 20 842 4319
SEAT IBIZA 788 4553
RENAULT CLIO 668 5532
CITROEN C3 642 2985
MAZDA 2 453 3111
NISSAN MICRA 431 2174
NISSAN JUKE 422 1705
KIA RIO 341 1738
SUZUKI SWIFT 326 1425
BMW I3 325 5507
SUZUKI IGNIS 279 1863
HONDA JAZZ 180 1282
DS DS3 63 211
HONDA E 44 428
SMART FORFOUR 37 2185

Сите модели на Opel што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=opel

Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

Претходна објаваПретседателот на Португалија направи почесен круг со новото Fiat Doblo
Следна објаваДоказ дека е вистински Mercedes: Пет ѕвезди за безбедност за T-Class

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here