Претседателот на Португалија направи почесен круг со новото Fiat Doblo

Концернот Stellantis цели да го преземе водството на пазарот на доставни возила. Новиот Fiat Doblo е четвртиот модел што ќе излегува од фабриката во Португалија.

Првиот човек на концернот Stellantis, Португалецот Карлос Таварес, на свеченоста посочи дека произведувањето на моделите од четири марки во Мангуалде придонесува „да се зголеми ефикасноста на фабриката, да се подобри конкурентноста и да им се понуди најдоброто на нашите професионални клиенти.“

Уште еден повод за прослава се придружи на главниот настан за одбележување на 60-те години на португалската фабрика. Една третина од вкупната потреба од енергија на фабриката, во иднина ќе се покрива со електричната енергија произведена во соларниот парк, во близина на фабриката.

Неговото Височество, Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соза, укажа на значењето на фабриката за целата држава: „Денес дојдов тука да слушнам добри вести, за тоа како Stellantis вклучува уште една марка и уште еден модел во портфолиото на оваа фабрика. Покрај тоа, стартува и проектот што ќе придонесе Поргугалија да го задржи лидерството во заштитата на климата и енергетската пресвртница.“

Од отворањето во 1962 година, во фабриката во Мангуалде досега се произведени 1,5 милион возила. Едно од секои четири возила што се произведуваат во земјата, излегува од оваа фабрика.

Во овие погони моментно се произведуваат Citroën Berlingo Van/Berlingo, Peugeot Partner/Rifter и Opel Combo Cargo/Combo Life. Тоа се трите носители на титулата на Светски ван на 2019 година. Во поглед на продажбата во Поргугалија, трите модели ги држат првите три места и постигнуваат вкупен удел од 32%. Лани од фабриката на Stellantis излегле 67.841 возила.

Новиот Doblo стартува со производство во октомври и ќе биде 22-от модел во историјата на фабриката во Мангуалде.

Дојде време Fiat Doblo да вози на струја

Претходна објаваНа 65 години, Fiat 500 најпродаван електро-модел во Италија и Германија
Следна објаваOpel Corsa и натаму е најпродаван градски автомобил во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here