за

На 65 години, Fiat 500 најпродаван електро-модел во Италија и Германија

Светот го познава Fiat 500 веќе 65 години. Чинквеченто во меѓувреме вози на струја, и вози одлично. Во првото полугодие, Fiat 500e е најпродаван електричен автомобил во Италија и во Германија.

За две години, електричниот Fiat New 500, освои повеќе од 100.000 возачки и возачи и освои 30 награди од светско значење во девет држави. Тоа е најнаградуваниот Fiat во историјата.

Fiat New 500, односно кај нас Fiat 500e, како што се чита на салонските примероци во Аутомобиле СК, моментно се продава во 38 држави во четири географски региони: Европа, Латинска Америка, Средниот Исток и Јапонија.

Во првото полугодие, Fiat е втора најпродавана марка на пазарот на електрични возила во Европа. Тоа е заслуга на New 500, кој според најновите статистики е број 1 во Германија и Италија, а трет е во Франција и Шпанија.

На 4-ти јули, Fiat одбележуваше 65-годишнина од иконскиот „500, од Nueva 500. Тешко дека постои „предмет“ што толку верно го отсликува духот на долчевита, како што тоа му успева на чинквеченто. Одличната продажба на електричната изведба всушност се покажа како најголем триумф на малечкиот автомобил што е голем во овие времиња. Електричен автомобил што во првото полугодие се продавал подобро од Fiat New 500 во Европа, не постои.

По 2024 година, новите модели што Fiat ќе ги пушта во продажба во Европа ќе бидат исклучиво електрични автомобили. На неколку стотини километри од Македонија, Fiat ќе произведува електричен градски модел во Крагуевац. По 2027 година, целата продукција на италијанската марка ќе ја сочинуваат чисто електрични автомобили.

Најпродавани електрични модели во ЕУ-27 во мај 2022

1 FIAT 500 6,323
2 PEUGEOT 208 4,570
3 VOLKSWAGEN ID.4 4,096
4 DACIA SPRING 3,849
5 SKODA ENYAQ 3,687
6 OPEL/VAUXHALL CORSA 3,501
7 VOLKSWAGEN ID.3 3,423
8 RENAULT ZOE 3,358
9 HYUNDAI KONA 3,163
10 MINI HATCH 3,034
11 KIA NIRO 2,981
12 RENAULT TWINGO 2,949
13 HYUNDAI IONIQ 5 2,704
14 CITROEN C4 2,567
15 KIA EV6 2,409
16 POLESTAR 2 2,340
17 CUPRA BORN 2,323
18 AUDI Q4 1,989
19 BMW I4 1,986
20 PEUGEOT 2008 1,970

Денес е на струја: Погоните се менуваат, Fiat 500 останува

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Amarok: Сега и Volkswagen има Ford Ranger

Претседателот на Португалија направи почесен круг со новото Fiat Doblo