Најновата класа од Штутгарт е T-Class. Mercedes-Benz првпат изведе луксузна изведба од доставниот модел Citan, којшто веќе во втора генерација се развива и се произведува заедно со Renault Kangoo.
Марката со S-Class и SL-Class тврдеше дека во развојот на новата генерација на Citan има многу повеќе „мерцедес“ отколку во претходната генерација, а тоа сега се докажува и преку резултатите на краш-тестот на Euro NCAP. Луксузната изведба на Citan, којашто се води како T-Class и со тоа е рамноправна со останатите моделски серии на Mercedes-Benz, освои пет ѕвезди на серијата строги тестови на безбедност.
Моделот постигна пристојни резултати во сите четири категории на тестови, со коишто се проверува безбедноста на патниците, на децата, на пешаците, како и делотворноста на системите за асистенција. Последниве се важни, затоа што нивната функција во основа се сведува на спречување на незгоди и намалување на последиците.
Тоа што посебно ја издвојува T-Class во сегментот на компактните ванови е безбедноста на децата. Доставниот модел со луксузен третман на Mercedes-Benz стандардно располага со систем за прицврстување iSize, за три детски седишта и со заптита на двете лизгачки врати. Во повисоките нивоа се вградуваат електрични подигнувачи на прозорците назад, коишто исто така располагаат со заштита. Седум воздушни перници се стандард во T-Class.
https://photos.app.goo.gl/eWyEHA9Kw8fDMESK9
Од конзорциумот за безбедност даваат одлични оцени и за изобилството од системи за асистенција, коишто се нудат во невообичаено висок обем за оваа класа возила. Во тие системи спаѓаат помош при поаѓање на нагорнина, компензација при силен страничен ветар, предупредување при замор на возачт, активен асистент за сопирање со автоматско запирање при опасност од влетување во кртосница, систем за следење лента и темпомат. Сите овие системи се вградуваат фабрички. Со доплата следат систем за самостојно паркирање со задна камера, помош при влечење приколка и диодни светла.
Покрај T-Class, на тестот одушеви и патничката изведба Citan Tourer, којашто исто така освои 5 ѕвезди. Citan веќе неколку месеци е во продажба во Мак Аутостар.
За работа да е, ѕвезда да носи: Новиот Mercedes Citan во Мак Аутостар















