за

Mahle: Експертите за клипови го развија најиздржливиот електромотор

Mahle е прочуен по клиповите, станува прочуен и по електромоторите. Нивниот SCT може бесконечно долго да работи со полна моќност.

Од добавувачот на автомобилската индустрија и експерт за клипови Mahle, доаѓа најиздржливиот електромотор. SCT, кусо од Superior Continuous Torque, единствен е што може бесконечно да работи со полна моќност. Заслугата за тоа е во новиот систем за ладење.

Најновиот електромотор на Mahle, каде што веќе масовно се произведуваат електромотори, помал е од конкуренцијата, полесен и поефикасен, а по барање на клиентите може да се изработи без примена на ретки метали. Погонскиот електромотор може да се користи во автомобили, товарни возила, во градежни и земјоделски машини.

Со вклучувањето на електромоторот SCT во својата понуда, Mahle прерасна во адреса на којашто може да се добие секаков вид погонски електромотор. Нивната понуда досега од електромотор за скутер, преку е-погон за тешки камиони, до теренски и индустриски постројки. Пошироката јавност првпат ќе ги види новиот SCT-мотор на салонот ИАА Транспорт, којшто се одржува во септември, во Хановер.

„Лесно е да се конструираат големи електромотори, што краткотрајно постигнуваат висока моќност. Тоа што досега недостигаше на пазарот, за е-возилата да може неограничено да се користат во секојдневието, беа издржливи и во исто време компактни погони“, изјави Мартин Бергер, директор за истражување и развој во MAHLE. Според Бергер, „нашиот SCТ е-мотор е решението“.

Што се однесува до погонот, техниката веќе не познава ограничувања за електричниот погон, без разлика на класата на возилото. Во 2021 година, Mahle претстави револуционерен погонски електромотор за патнички автомобили, што нема абење и може да се изведува во најразлични категории на моќност. Одлика на тој е-мотор е ефикасноста во неговата работа во најширок дијапазон на моќност.

Постоечките електромотори не се најпогодни за камионски тури преку високи планински превои или за неколку последувателни спринтови со автомобил

SCT е-моторот, наспроти тоа, развиен е да работи со врвна ефикасност во одредено подрачје на вртежи. Неговата трајна моќност – и покрај компактните димензии и ниската тежина – изнесува 90% од неговата максимална моќност. Не постои електромотор што постигнува подобар сооднос во тој поглед, од електромоторот на Mahle. Примери за тоа што го овозможува новиот електромотор на Mahle се камионски тури преку високи планински превои или серија последувателни спринтови на патнички автомобил. Во овие сценарија, постоечките електромотори не се одликуваат со посебна ефикасност.

Посебноста на SCT E-Motor е во примената на иновативно интегрирано ладење со масло. Покрај тоа што овој систем овозможува голема издржливост, во исто време постигнува и искористување на топлината што се ослободува во системот. Компактната конструкција овозможува и заштеда во материјали, а секако и во тежина.

Mahle се реши за конструкција на т.н. електромотор со постојана побуда, бидејќи таа се одликува со компактни димензии и не мора да се пренесува енергија, како „побудувачка струја“ до роторот. Поради тоа, е-моторот е ефикасен и нема абење. Магнетското поле го создаваат неодиумски магнети. Тоа е најсилните постојани магнети што денес може да ги произведе индустријата. Постои и варијанта без магнети, како алтернатива со којашто може да се избегнат проблемите со снабдувањето при вонредни геополитички ситуации.

Милион милји во Tesla, и осум сменети електромотори

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Доказ дека е вистински Mercedes: Пет ѕвезди за безбедност за T-Class

Volvo P1800 во главна улога на отворањето на Филмскиот фестивал во Милано