за

Новата Opel Corsa не се откажува од дизелот

Opel Corsa
Opel Corsa

Познати се цените за новата Opel Corsa за германскиот пазар. Нарачките таму започнуваат во јули, почнувајќи од 13.990 евра за основниот модел со 1,2-литарски бензинец со 75 КС. Електричната верзија се најавува на цел глас, но дизелот мора и натаму да биде присутен во понудата.

Основниот модел на Opel Corsa на германскиот пазар ќе чини 13.990 евра. Изведбата со 1,2-литарски бензинец со 75 КС доаѓа стандардно опремена со самостојно запирање при опасност од незгода и препознавање пешак на патот, радарски темпомат, предупредување при напуштање на лентата и камера за знаци.

Повеќе динамика ветува 1,2-литарскиот трицилиндарец со турбонатполнење и со 100 КС, кој е мотор на PSA. Исто како и во другите моделски серии, постои посилна изведба на истиот мотор, со 130 КС и вртежен момент од 230 њутнметри. Се гледа и напредокот. Крајната брзина на посилната варијанта изнесува 208 km/h, додека кај моделот од претходната генерација, 207 km/h се постигнуваа со мотор со 150 КС, односно беше потребна за 15% повисока моќност.

New item by Automedia MK / Google Photos

Истото важи и во забрзувањето. Верзијата со 130 КС спринтува до темпо сто за 8,7 секунди и тоа е за 0,2 секунда покусо во споредба со претходникот. Овие својства произлегуваат од тоа што шестата генерација на Opel Corsa е за повеќе од 100 килограми полесна од претходната.

Најсилната изведба со 130 КС се испорачува само со автоматски менувач; Неизвесно е дали Opel ќе продоложи да ги негува спортските верзии по пример на OPC, откако е под покривот на францускиот концерн

Најслабиот бензинец работи во комбинација со петстепен мануелен менувач, додека кај посилната верзија може да се доплати за осумстепен автоматик во замена за мануелниот менувач со шест степени. Топ-моделот со 130 КС се испорачува само со автоматик.

New item by Automedia MK / Google Photos

Единствен дизел во понудата е 1,5-литарец со 102 КС и 250 њутнметри. Можно е цената за овој модел да биде значително повисока отколку во претходниот модел, поради вградувањето на SCR-катализатор и впрскувањето Адблу, за да бидат задоволени строгите норми за издувни гасови. 

Новaта генерација на Opel Corsa е подолга околу пет сантиметри, возачот седи три сантиметри пониско отколку во претходниот модел

Над основната верзија, следат уште три нивоа на опрема. По нивото Edition (од 15.850 евра), во коешто се вградуваат неколку основни ставки од дополнителната опрема, следи Corsa Elegance (од 17.850 евра), која е повеќе ориентирана на комфор и опремена е со диодни светла, комфорно совозачко седиште, како и со неколку украсни детали со хромиран финиш. Новитет е GS Line (од 19.880 евра), со спортски седишта, алуминиум на педалите, црн таван и црвени штепови, хромирана издувна цевка и браници со спортски изглед. Возачот може да избира спортски режим за управувањето и моторот.

На списокот на дополнителна опрема, меѓу другото, се наоѓаат дигитален кокпит, кожени седишта и двобојна каросерија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Vision M Next

Студија на BMW ги брои откучувањата на срцето на возачот

mecedes cla shooting brake fabrika

Започна производството на Mercedes CLA Shooting Brake