за

Opel Corsa возвраќа на фејслифтот на Polo

Марката со молњата нема да дозволи фејслифтот на Polo да ѝ ги расипе сметките. За салонот во Париз наесен се подготвува освежување на Corsa во стил на Adam. Ќе има и нови мотори.

Популарната Corsa ќе доживее моделско освежување подоцна во текот на годинава. Останува техничката платформа од постоечката генерација која што е на пазарот од 2006 година, но затоа ќе има драстични промени во изгледот на носот. Corsa во иднина ќе го следи стилот на трендовското мини Adam, со светла со дрзок поглед што ќе бидат повеќе развлечени наназад. Изгледот на предниот дел се комплетира со широка и впечатлива маска со дебела хромирана пречка во средина и регистерска табличка под неа.
OPEL_Corsa_nazad
Промени ќе се случуваат и во внатрешноста. Воланот ќе биде подебел, а поголемиот дел од таблата ќе биде обложен со црни панели со сјаен финиш и хромирани лајсни во стилот на Adam. По пример на градското автомобилче, таблата ќе биде обложена со мека пластика. Инструментите исто такаќе бидат преземени од Adam.
Главниот новитет во понудата на мотори ќе биде еднолитарскиот турбо бензинец со 115 КС и директно впрскување, познат од најмалечкиот Opel. Шестстепен мануелен менувач и систем старт стоп ќе следуваат во серија. Се предвидува и моделска верзија со 1,6-литарскиот турбо со 200 КС од кабриолетот Cascada. Новитет во дизелската понуда ќе биде 1,6-литарскиот дизел од гамата на Astra.
Велика Британија е најголем пазар за Opel Corsa, каде што во минатата година под знакот на сестрата Vauxhall се продадоа преку 80.000 примероци, за 30.000 повеќе отколку на матичниот германски пазар. Сorsa е трет најпродаван модел на островот, зад Ford Fiesta и Focus.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Холивудски ѕвезди возат Mercedes со погон на водород – и пијат вода од него

Куба без граници: Peugeot 206 за 70.000 евра