за

Opel Astra со нов бензински мотор со 170 КС

5. OPEL ASTRA, продадени примероци 94,693 (+5.5%)

Семејството на Opel Astra доби нов мотор 1.6 SIDI Turbo со директно впрскување и турбонатполнење. Потрошувачката е намалена за 14% во споредба со претходникот.

Комплетно нов бензински мотор стартува во три каросериски изведби на бестселерот Astra. Моторот 1.6 SIDI Turbo е почеток на офанзивата на мотори на Opel и на Astra ѝ обезбедува врвно место во сегментот со моќното повлекување и смиреноста во работата.

Впечатлив е вртежниот момент од 280 њутнметри, кој е расположлив уште при 1.650 вртежи и за 50 њутнметри е повисок отколку кај претходникот 1.6 Turbo со 180 КС. Од Opel наведуваат дека „новиот мотор испорачува 12 проценти поголем вртежен момент од најблискиот конкурент во класата со 150 до 180 КС.“

Потрошувачката во споредба со претходникот е намалена за 14 проценти и изнесува 5,9 литри во просек. Паралелно со новите мотори е развиена и нова генерација мануелни менувачи со шест степени, со подобрено ракување и намалено триење, што исто така придонесува за штедливоста.

Со новиот мотор, комбилимузинската изведба на Astra забрзува до темпо 100 за 8,7 секунди и постигнува крајна брзина од 220 km/h. Лимузината е два km/h побрза. Тоа што одушевува уште повеќе е еластичноста. При забрзување од 80 до 120 km/h во петтиот степен, потребни се само 8,8 секунди, односно дури две секунди помалку отколку кај претходниот мотор.

До 2016 година Opel ќе претстави три комплетно нови семејства на мотори, со 13 нови мотори. Со тоа марката од Риселсхајм ќе обнови 80 проценти од својата понуда на мотори во следните четири години.

Opel-ECOTEC-1.6-SIDI-Turbo-282293-medium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Њујоршката филхармонија свиреше на делови од Volkswagen

Луксузот нема криза: Произведени 100.000 Porsche Panamera