Луксузот нема криза: Произведени 100.000 Porsche Panamera

Во фабриката на Porsche во Лајпцих денес се произведе стоилјадитиот примерок од скапата купе-лимузина. Моделот влезе во сериско производство во 2009 година.

„Купувачите на Panamera во 120 држави возат Porsche кој е произведен во Лајпцих и го носат овој печат за квалитет низ светот. Персоналот и јас сме многу горди на тоа,“ изјави Зигфрид Билов, прв човек на Porsche Leipzig GmbH. Развиена во швапскиот Вајсах и изработена во метрополата на Саксонија, Panamera е синоним и за успешна заедничка работа на различни локации. Како резултат од оваа тимска работа, стоилјадитата произведена Panamera денес пролета низ хартиениот ѕид на кого што се потпишаа вработените во фабриката.

Јубилејното возило е Panamera S E-Hybrid во сребрена боја. Како прв хибрид со приклучок на струја од луксузната класа оваа изведба на Panamera доживеа премиера на салонот во Шангај во минатиот месец.

Претходна објаваOpel Astra со нов бензински мотор со 170 КС
Следна објаваПремиерно • Mercedes го има најдобриот автомобил на светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here