Голема чест за малечкиот автомобил – Opel Adam освои награда за најдобар дизајн на саемот за атомобилски ентериери, во конкуренција на Alfa 4C, Jaguar F-Type, Renault Clio и Range Rover.
Саемот Expo Award е дел од саемот за концепти, материјали, површини и компоненти во опремувањето на ентериерите за автомобили. Жири од специјализирани новинари за автомобилизам од целиот свет ги избира најдобрите возила оценувајќи во седум различни категории. Директорната за ентериер на Opel, Елизабет Вецел, по повод освојувањето на престижната награда изјави: „Индивидуализацијата на ентериерот е едно од највпечатливите својства на Adam. Начиот малечок автомобил располага со повеќе од 82.000 можности за комбинирање во стилизирањето на ентериерот. Expo Award е големо признание за целиот дизајнерски тим на Opel.“