за

Стартува третата генерација на Skoda Octavia RS

Чесите ја претставија верзијата RS од новата Octavia. Со крајна брзина од 248 km/h и забрзување до сто за 6,8 секунди, Octavia ги загрозува и најголемите имиња во класата.

Брзите лимузини се избор на многумина возачи кои бараат нивното возило да има перформанси и возни својства на спортски автомобил, но притоа не сакаат да се откажат од комоцијата и практичноста на класичните каросериски форми. Претходните две генерации на Octavia се нудеа и во моделската изведба RS, а сега и третата генерација ја продолжува традицијата. Под хаубата работи дволитарски бензинец со турбонатполнење и директно впрскување, со моќност од 220 КС, или дволитарски турбодизел со моќност од 184 КС. Обата модела се достапни и со шестстепен менувач со двојна спојка. Во споредба со претходниот модел, новиот RS нуди повеќе моќност, а во исто време троши до 19 проценти помалку гориво, меѓу другото и благодарение на серискиот старт-стоп и повратокот на енергијата при сопирање.

Со големата моќност оди и спортски дотерано подвозје. Во споредба со стандардниот модел, RS е понизок за 12 милиметри, а назад работи оска со повеќе водилки, која што инаку се вградува само во 1.8 TSI со 180 КС. Електронската симулација на блокада на диференцијал е во стандардниот пакет и помага да се намали подуправувањето во брзи свијоци со потсопирање на внатрешното предно тркало. Подобрената управливост произлегува и од електромеханичкото прогресивно управување кое овозможува со помало вртење на воланот да се совлада свијокот.

Белезите за препознавање на RS: Спортска маска со амблем RS и структура на саќе, спортски браник и биксенонски светла со дневно светло со светлечки диоди како стандард, исто како и сопирачки клешти со црвен лак и бандажи од 17 инчи со гуми 225/45
Белезите за препознавање на RS: Спортска маска со амблем RS и структура на саќе, спортски браник и биксенонски светла со дневно светло со светлечки диоди како стандард, исто како и сопирачки клешти со црвен лак и бандажи од 17 инчи со гуми 225/45

Внатрешноста го нагласува спортскиот карактер на RS со амбиенталното осветлување, спортските седишта и трикракиот волан со перфорирана кожа. Праговите и педалите се изработени од благороден челик, а инструмент таблата поседува средишен дисплеј кој е единствен за спортскиот модел. Логото RS секако е задолжително на повеќе места во ентериерот.

Назад доминира црниот дифузор, во контраст со каросеријата, заедно со хромираните издувни цевки со трапезна форма. Задните светла стандардно се изведени со светлечки диоди
Назад доминира црниот дифузор, во контраст со каросеријата, заедно со хромираните издувни цевки со трапезна форма. Задните светла стандардно се изведени со светлечки диоди

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Adam со награда за најдобар ентериер

Chrysler го одбива сервисниот повик на 2,7 милиони возила