Поради слабата продажба на европскиот пазар и неисполнетите очекувања од големиот руски пазар, две фабрики на Opel во Германија ќе работат со скусено работно време.
Двете автомобилски фабрики на Opel во Германија ќе воведат работа во ограничено време со цел да се намалат произведените залихи од автомобили и загубите поради недоволното оптоварување на производствените погони. Причина за запирањето на производствените ленти во Риселсхајм и Ајзенах е неможноста на Opel да фати чекор заедно со конкуренцијата во повторното заздравување на европскиот пазар, како и преголемите очекувања од рускиот пазар. Во фабриката во Ајзенах се произведува малечката Corsa, не која неодамнешното моделско освежување очигледно не ѝ помогна да ја поправи продажбата, како и трендовското мини Adam, додека во Риселсхајм се одвива продукцијата на Insignia и на ванот Zafira Tourer.
Германската влада ќе ги плаќа неодработените смени во Opel
Германската држава ќе обезбеди средства за платениот одмор за вработените во двете фабрики на Opel. Според првичните објави од компанијата, фабриката во Ајзенах ќе работи 25 денови со минимален капацитет, додека за Риселсхајм се планирани 15 денови со ограничена работа. Владина програма им помага на производителите на автомобили да ги задржат работните места додека фабриките работат со намален капацитет, преку обезбедување средства за плаќање на неодработените смени.

Opel претходно ја прекина работата на фабриката во Санкт Петерсбург и мораше да се повлече од рускиот пазар, во земјата којашто е во длабока економска во криза поради слабата валута, политичките санкции и ниските цени на нафтата. Германската марка планираше годинава да продаде 80.000 возила во Русија, но мала е веројатноста дека оваа продажба ќе може да се компензира со слабиот пораст во неколку европски земји. Европската продажба на марката во првото полугодие порасна за 3 проценти, но тоа не може да биде причина за оптимизам покрај порастот на целиот пазар за 8,2 проценти во истиот период.
















