за

Opel ќе извезува на австралискиот пазар под марката Holden

Германските фабрики на Opelдобија нов поттик со одобрението на мајката GeneralMotors нејзините возила да се продаваат во Австралија и Нов Зеланд под марката Holden.

Моделите што Opel ќе ги испорачува за австралискиот пазар се Astra GTC и спортската Astra VXR, којашто на европскиот пазар се води како Astra OPC. Понудата ќе ја дополнат елегантниот кабриолет Cascada и врвната верзија на знаменосецот Insignia, со спецификација OPC. Со овие четири модели се пополнуваат празнините во моделската понуда на австралиската марка Holden.

Со овој чекор се зголемува оптовареноста во матичните фабрики на Opelво Германија, а со тоа се подобрува и нивната рентабилност. Пред еден месец Opelобјави дека во фабриката во Риселсхајм ќе произведува и возила за американската марка Buick.

Во минатиот август, Opelреши да ги прекине активностите како независна марка, откако драстично опадна продажбата на возила во Австралија и се изгуби економската смисла за продолжување на пазарната активност. Тогаш Opelпосочи дека се размислува моделите на Opelда се продаваат на локалниот пазар под традиционалната австралиска марка Holden. Opel, британскиот Vauxhallи Holden имаат долга историја на меѓусебна размена на технологии и возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зелено светло за BMW M2

Skoda го произведе тримилиониот трицилиндарски 1.2 THP