Skoda го произведе тримилиониот трицилиндарски 1.2 THP

Иако пазарот уште гледа со скепса на моторите на кои им „недостига“ еден цилиндар, продукцијата во фабриката на Skoda докажува дека тие сепак се прифатени одлично.

Во матичната фабрика на Skoda во Млада Болеслава се произведе тримилионитиот примерок од EA 111, трицилиндарскиот бензинец од 1,2 литар што се вградува во моделите на Skoda, Seat и Volkswagen. Освен 1.2 THP/TSI во чешката фабрика се произведуваат уште четирицилиндарците 1.2 TSIи 1.4 TSIод генерацијата ЕА 211, како и мануелни и автоматски менувачи. Менувачот MQ/SQ 100 штотуку го достигна 500.000-от примерок.

Со 115 годишно производство на мотори, Skodaе еден од најстарите производители и конструктори на мотори во браншата. Во развојниот центар во Чесана, во близина на Млада Болеслава, се инвестираат 34 милиони евра во нов центар за мотори, што претставува најголема инвестиција во развој во Чешка.

Претходна објаваOpel ќе извезува на австралискиот пазар под марката Holden
Следна објаваToyota ќе вградува хибриден погон и во малечкиот Aygo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here