за

Opel го најавува новиот Vivaro

Нов изглед, нова генерација мотори и технологија преземена од патничките автомобили. Сето тоа го ветува следната генерација на комбито Vivaro. Продажбата ќе стартува налето.

Купувачите во потрага по големо возило за семејството или за бизнис ќе биде подобро да се стрпат до почетокот на летото. Тогаш ќе стартува продажбата на новата генерација на Opel Vivaro. Моторите ќе бидат посилни и во исто време поштедливи од постоечките, на возачот и на патниците ќе им стојат на располагање системи за асистенција и опрема што доаѓаат од обичните патнички лимузини, дизајнот на комбито ќе биде повпечатлив и повеќе во чекор со времето. Со огромната маска и со примената на „српот“ како заштитен белег на дизајнот на марката од Риселсхајм, новиот Vivaro и со изглдеот се приближува до понудата на патнички модели на Opel. Opel засега не открива други детали околу новото возило. Премиерата на патничкиот модел ќе се случи за неколку недели на салонот во Женева.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три милиони посетители во „Светот на BMW“

Mercedes почна со производство на новата класа C