за

Opel го враќа престижното купе Monza во понудата

На салонот во Франкфурт Opel ќе го претстави концептниот автомобил Monza, како најава за враќање на престижното купе во понудата на марката.

Марката со молња во маската денес го прикажа за прв пат изгледот на концептниот автомобил со кој што се најавува скорешно враќање на престижното купе Monza. Првите објавени фотографии го откриваат само носот на возилото, но и тоа е сосема доволно да се насети радикална промена во идниот дизајн на марката, која што веројатно ќе биде отпочната со купето од врвот на понудата, а потоа ќе се пренесе и на сите идни модели на Opel.

Тимот од 6.000 инженери, техничари и дизајнери кои што работат на следната генерација на модели од марката се сосредострочија на две работи кај концептниот автомобил, на ефикасност и на мрежно поврзување. За таа цел, Monza Concept користи напредни материјали, врвна аеродинамика и иновативни погонски решенија.

Новиот дизајн оддава голема доза на самодоверба, со впечатлива маска, остри линии на светлата и со хромирана лента во маската која што се задебелува во краевите. Впечатокот го заокружуваат големите отвори за воздух во стил на тркачките болиди. Во целина, наспроти актуелниот дизајнерски говор кој оддава моќ и цврстина, Monza воведува атлетски и лесни линии на каросеријата.

Првата генерација на купето Monza, чие што име го презема концептниот автомобил, се појави кон крајот на 1970-те години, базирано на техниката од големата лимузина Senator.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

BMW за прв пат ќе добие ван во моделската понуда

Рекордни продажби на Audi и BMW