за

BMW за прв пат ќе добие ван во моделската понуда

Со моделската серија Tourer, баварската марка за прв пат ќе добие ван во понудата. Active Tourer ќе стартува со продажба во 2014 година, а поголемиот Family Tourer една година подоцна.

Како што пишува магазинот Auto Bild во последното издание, Family Tourer ќе биде спој на комби и ван и ќе има три реда седишта. Вториот ред на седумседот ќе биде целосно приспособлив, а третиот ред седишта ќе се преклопува во подот. Обата модела ќе имаат погон на предните тркала, со што се постигнува порационално икористување на просторот. Купувачите ќе можат да избираат и варијанта со погон на сите тркала, а лизгачки врати за пристап во кабината не се планирани.

Обата модела од серијата Tourer ќе ја користат техниката од третата генерација на Mini. Новиот мотор со три цилиндри и зафатнина од 1,5 литар за Mini, ќе се вградува и во обновениот X1. Планирани се два бензинци со 102 и 136 КС, како и три дизелски варијанти со 95, 116 и 150 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европскиот центар на Jaguar Land Rover се сели во Германија

Opel го враќа престижното купе Monza во понудата