Паметниот часовник Olio Model One со цената е позициониран во премиум сегментот, има тркалезен дисплеј и може да се поврзе со паметен телефон што работи со iOS или со Android.
Американската фирма Olio го претстави својот прв паметен часовник. Исто како Apple Watch, „првиот модел“ на Olio е позициониран во премиум сегментот. Изведбата со куќиште во сребрена боја чини 595 долари, додека црната верзија почнува од 745 долари. За обата модела се достапни три различни ремени од кожа и еден ремен од челик. Првата серија преднарачки е ограничена на 500 примероци, а испораката ќе стартува в лето.
Паметниот часовник од Olio поседува куќиште од не’рѓосувачки челик со пречник од 47 милиметри, коешто е водоотпорно и од задната страна нуди приклучок за полнење. Со кожен ремен, Olio е тежок 81 грам, додека верзијата со челичен ремен тежи 161 грам. Говорните наредби се примаат преку вградениот микрофон, има и подршка за Bluetooth 4.0 und LTE.
https://youtu.be/IDGRrJEVsMw
Olio Model One е компатибилен со Android (4.3 или понов), како и со iOS (најмалку iOS 9). Според производителот, батеријата трае до два дена. Преку офлајн-модус, времето на работа може да се продолжи. Часовникот ги прикажува известувањата од паметниот телегон по хронолошки редослед, при што на тркалезниот дисплеј се појавуваат пропуштените пораки, а може да се повикаат и претстојните термини. На различните известувања се одговара со движење со прстите. Софтверот вклучува и клауд-асистент Olio Assist, којшто ги учи навиките на сопственикот. Со Olio може да се управува и со производи од трети производители, како термостати, брави или звучници.