за

Шведски Northvolt дава предност на фабриката во САД пред Германија и Volkswagen

Производителот на батерии Northvolt е можно да ја одложи најавената фабрика во Германија и да даде предимство САД, каде што државата издвојува милијарди за изградба на фабрики за батерии.

Шведски Northvolt може да ги смени плановите за изградба на фабрика во Германија, од причина што огромниот раст на цената на енергијата се заканува да ја запре земјата, во намерата да изгради одржлив синџир за снабдување на фабриките за електрични автомобили.

Ветувачкиот производител на батерии од Шведска, Northvolt, ќе решава в година, дали фабриката во Хајд,е во северниот дел на Германија, да ја изгради во планираниот период и да започне со производство кон завршетокот на 2025 година. Другата можност е да почне да гради во Северна Америка, каде што претседателот на САД ги одоброволува производителите на батерии со милијарди долари субвенции.

„Кога ќе се погледне што се случува во Северна Америка и од друга страна ќе се погледне што се случува во Европа, додека цените на енергијата растат енормно, во текот на следната година ќе решаваме каде да ги поставиме нашите приоритети“, вели Џеспер Вигарт, одговорен за комуникација во Northvolt. Одлуката да се даде предност на Северна Америка може „малку“ да ја одложи фабриката во Германија.

Фабриката во Хајде е меѓу главните проекти во подрачјето на електромобилноста, во земјата со водечка економија во Европа. Плановите може да се одложат поради енергетската инфлација што веќе не може да се контролира.

Двоумењето на Northvolt укажува дека се интензивира натпреварот меѓу државите, што настојуваат да ги привлечат клучните производители во преоѓањето од погон со мотори со внатрешно согорување во електричен погон.

Германската индустрија има голема зависност од евтиниот гас од Русија и претрпе голема штета откако Москва ја скуси испораката на гас, што предизвика цените на енергијата да пораснат неколкукратно.

За производството на батерии е неопходна голема количина енергија, затоа што се користат високи температури. Пораснаа и цените на логистиката и во градежништвото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @northvolt

Европската енергетска криза може од корен да ги смени плановите за фабрики за батерии и да доведе до тоа фабрики да се градат надвор од регионот. На тоа предупредува директорот на марката Volkswagen, Томас Шефер.

Растечките трошоци во Европа ги поттикнуваат компаниите да реагираат на Законот за намалување на инфлацијата во САД (IRA), којшто има за цел да го поттикне домашното производство на електрични автомобили. Со Законот воедно се намалува и зависноста од Кина, при набавката на компоненти и материјали за батериите.

Вигарт посочува дека „IRA им ја смени динамиката на добавувачите, па сега целиот синџир на производство на додадена вредност се свртува кон Северна Америка, место кон Европа. „Европските политичари од најразличен ранг мора брзо да реагираат и да постигнат Европа да остане привлечна за инвестирање.“

Фабриката на Northvolt во Германија ќе работи со капацитет за 60 гигаватчасови батерии годишно. Тоа се батерии доволни за околу 1 милион електрични автомобили. Хајде ќе се снабдува со енергија од ветерниците што се изградени во голем број во северниот дел на Германија.

Volkswagen е меѓу најголемите инвеститори во Northvolt и планира до 2030 година да располага со мрежа од шест фабрики за батерии во Европа.

Volvo Cars и Northvolt планираат заедничка фабрика во Гетеборг, на западот на Шведска. Таму ќе се произведуваат батерии само за идните електрични модели на Volvo и Polestar. Планирано е фабриката да стартува во 2025 година.

„Заедничкиот проект со Northvolt ни овозможува да изградиме фабрика за батерии каде што ќе избереме во светот. Можеме истата фабрика да ја изградиме во САД, ако сакаме“, изјави извршниот директор на Volvo, Џим Роуен.

Литиумот за батерии за електрични автомобили поскапел за 640% за една година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota во октомври произвела 23% повеќе возила отколку лани

Volkswagen сака да прави пикапи за САД заедно со производителот на iPhone