Nissan ќе ги приклучи електричните автомобили во дистрибуцијата на струја

Како што напредува преминот во ерата на електромобилноста, така се повеќе се откриваат новите можности што ги нуди погонот на струја. Nissan планира Leaf да стане дел од мрежата за снабдување со струја.

Производителот на најпродаваниот електричен автомобил во светот планира да ги претвори овие возила во еден вид акумулатори за струја коишто ќе можат да се користат на повеќе начини. Nissan во рамките на конференцијата за светската клима во Париз претстави концепт кој што на сопствениците на електрични автомобили, како Nissan Leaf или e-NV200, ќе им овозможи не само да ги полнат батериите, туку и да ја „вратат“ акумулираната енергија во јавната мрежа за снабдување со струја. За таа цел Nissan релизираше соработка со дистрибутерот на струја Enel.

nissan leaf distribucija 00001

Сопствениците на компатибилни електрични возила ќе можат преку специјално развиениот двонасочен полнач да управуават со сопствената потрошувачка на енергија. Според замислата, акумулаторите на возилото ќе можат да се полнат ноќе кога е евтина тарифата, а акумулираната енергија потоа ќе може да се користи за возење, но ќе може да се користи и за снабдување на домот со електрична енергија при скапа тарифа или за испорака на енергијата во јавната мрежа за дистрибуција на струја. На тој начин би се компензирале трошоците за струја, односно со повратокот на електричната енергија ќе може да се намали сметката за струја.

Трипати поголем капацитет на производство на струја со комплетно преоѓање на возниот парк на електрични возила

Возниот парк во Франција брои 38 милиони возила, а моментниот капацитет на производство на струја во државата изнесува 130 гигавати. Доколку целиот овој возен парк се префрли на возила на струја или плагин-хибриди, со нивното приклучување во електродистрибутивната мрежа би се постигнал виртуелен ефект на електрана со капацитет од 380 гигавати, односно трипати повеќе од националниот капацитет на производство на струја на Франција.

nissan leaf distribucija 00002

Реализацијата на планот ќе стартува во Германија, Данска, Холандија и други земји во коишто електричните автомобили можат да придонесат за значајно зголемување на капацитетот на производство на струја.

Претходна објаваНовата класа Е на Mercedes со автоматско престигнување
Следна објаваToyota очекува намалена продажба на хибридниот Prius поради евтините горива

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here