Nissan го сели производството на Qashqai од Сандерленд

Шефот на Renault-Nissan, а последно и на Mitsubishi, продолжува со притисокот врз британската влада и во случај на излегување на Велика Британија од ЕУ најавува можно преселување на производството на Qashqai од Сандерленд.

Карлос Гон имаше лична средба со британската премиерка Тереза Меј и во случај на влошување на пазарните услови најави преселување на производството на популарниот кросовер Qashqai од фабриката на Nissan во Велика Британија.

Шефот на алијансата Renault-Nissan и на новостекнатата марка Mitsubishi ќе решава за иднината на производството на Qashqаi во фабриката во Сандерленд во ноември. Третата генерација на најпродаваниот модел на јапонската марка на пазарот во Европа ќе се произведува до крајот на 2018 или почетокот на 2019 година, до пристигањето на наследникот.

Уште во април, неколку месеци пред гласањето за „брегзит“, Nissan реши да инвестира 29 милиони евра во погоните во Сандерленд, за Qashqai во иднина да се произведува паралелно на обете производствени линии. Фабриката за автомобили на Nissan е најголема во Велика Британија, со 475.000 возила произведени лани. Тоа претставува една третина од сите возила што се произведени во островската земја. Осумдесет проценти од продукцијата се извезува и тоа претставува важен столб за британската надворешна трговија. Во фабриката работат 40.000 лица.

Qashqai е најважниот модел на Nissan во Европа. Покрај него, во фабриката во Сандерленд се произведуваат малечкиот кросовер Juke и електричниот компакт Leaf. Освен во Велика Британија, Qashqai се произведува уште во рускиот Ст. Петерсбург и во фабриката на Dongfeng Nissan во Кина.

Претходна објаваЕлектромобилите во 2023 ќе чинат колку бензинeц, ветува Volkswagen
Следна објаваAteca Cupra „фатена“ во фабричкиот двор на Seat

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here