Nissan сепак продолжува со производство на Qashqai во Британија

Најголемата британска фабрика за автомобили во историјата ќе продолжи да опстојува. Владата му гарантира на Nissan дека ќе обезбеди конкурентност на фабриката во Сандерленд и по излегувањето на земјата од ЕУ. Од 1986 година се произведени близу 9 милиони возила.

Nissan ќе продолжи со производство во фабриката во Сандерленд и по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Освен следната генерација на Qashqai, таму ќе се произведува и идниот X-Trail. Јапонскиот производител реши да го продолжи своето присуство во британската индустрија по гаранцијата што ја доби од владата за зачувување на конкурентноста на глобалниот пазар.

Четири од пет локално произведени автомобили заминуваат за извозните пазари

Од отворањето на фабриката на Nissan во 1986 година, во Сандерленд се произведени близу девет милиони возила. Секој трет произведен автомобил во Британија излегува од овие погони. Со тоа, Сандерленд е најголема фабрика за автомобили во Британија во историјата. Четири од пет произведени автомобили заминуваат за извозните пазари, во повеќе од 130 држави низ светот.

За помалку од десет години, Nissan произведе над два милиони примероци од Qashqai. Освен седумте илјади вработени во самата фабрика, во производството на Nissan се ангажирани уште 28.000 лица во добавувачката индустрија. Јапонскиот производител досега има вложено 4,1 милијарди евра во оваа фабрика.

Претходна објаваDunlop Winter Sport 5 со најдобри резултати на тестовите на зимски гуми
Следна објаваRolls-Royce како моден додаток

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here