Rolls-Royce како моден додаток

Неколку модни дизајнери работеа на специјална серија на Rolls-Royce Dawn којашто соодветно се води како „инспирирана од модата“ и меѓу другото поседува изобилство од свила во внатрешноста.

Rolls-Royce отсега го нуди моделот Dawn во специјалната серија „Inspired by Fashion“. Тим од модни дизајнери и експерти за текстил и додатоци се грижи за изгледот на возилата. Главниот момент е во масивната примена на свила во внатрешноста, заедно со невообичаени комбинации од бои и материјали.

rolls-royce dawn inspired by fashion 2

„Младешкиот“ модел на британската благородна куќа користи три бои во специјалната серија, за покривот и за деталите во црно-белата внатрешност: Муџело црвена, кобалтно сина и мандаринска. Каросеријата во андалузиски бела боја носи и рачно нацртана линија отстрана – секако дека и таа е во една од трите бои на серијата Inspired by Fashion.

rolls-royce dawn inspired by fashion 3

Други обележја на модниот Dawn се џебовите во вратите од најфина свила, со апстрактен приказ на заштитната фигура Емили или уште наречена „Духот на екстазата“. Арматурната табла е обложена со кожа со вметнати честички алуминиум. На тоа се надоврзува и специјална изведба на часовникот во средишната конзола, со сребрено куќиште.

Претходна објаваNissan сепак продолжува со производство на Qashqai во Британија
Следна објаваОвие 13 автомобили имаат најморничави имиња