Нивната смисла за хумор е легендарна и ненадмината, но сега уште повеќе. Онлајн берза за користени возила прашуваше илјадници британски дилери на користени возила, со какви необични работи доаѓаат луѓето да направат пробно возење. Списокот е очекувано британски.
Што е заедничко за змија од три метри, душек и пар папагали? Тоа се само неколку од необичните работи со коишто Британците доаѓаат да направат пробно возење кај дилерите за користени автомобили. Истражувањето го направи CarGurus, онлајн-берза за трговија со користени возила. Неколку илјади трговци учествуваа во анкетата.
Голем број луѓе доаѓаат на пробно возење заедно со милениците, како риби, мачки, дога сместена во детско седиште, змии, а секако и коњ. Регистрирани се и неколку случаи кога можните купувачи дошле со пепелта на починати лица.
Музичарите исто така имаат навика да доаѓаат на тест со двојна бас гитара, чело, тапани или хармоника. Тоа е веќе поразбирливо, затоа што луѓето треба да се осигураат дека има место за инструментите. Еден клиент ги понел и влечките од дома, затоа што тоа му било единствениот начин да вози автомобил.
Топ 10 необични работи на пробно возење |
|
1 |
Јајце што носи среќа |
2 |
Коњ |
3 |
Пушка |
4 |
Змија од три метри |
5 |
Хармоника |
6 |
Два папагали |
7 |
Душек |
8 |
Пепел на починат роднина |
9 |
Влечки |
10 |
Пендрек |
Британски What Car со список на најиздржливи и најрасипливи модели
Dacia со рекордни 11.000 возила за три месеци во Британија
Британските возачи најзадоволни од Suzuki
Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија