Салонот во Франкфурт блокиран од активисти за почиста животна средина

протести салон франкфурт
протести салон франкфурт

Уште од прв ден, авто-салонот во Франкфурт минува во знакот на протестите за почиста животна средина. Денес повторно е блокиран пристапот до саемските хали, по социјалните мрежи масовно се споделуваат сцени од протестите.

Заедно со големиот салон на автомобили во Франкфурт започнаа и протестите на активистите што бараат почиста животна средина. Пред влезот на салонот вчера протестираа 15.000 лица според процените на полицијата, односно 25.000 лица според наводите на организаторите.

Масовното искажување незадоволство продолжува и денес. Останува блокадата на пристапот до саемскиот простор. Протестите минуваат без насилство против лица и без оштетување материјални добра.

Германските активисти се здружени во акцијата „Песок во менувачот“. Под обележувачот #sandimgetriebe се споделуваат сцени и пораки по социјалните мрежи. Посетителите можат и натаму да пристапуваат до салонот, но мора да одат по обиколен пат. Во принцип, протестантите го блокираат пристапот за возилата до саемот. Голем број велосипедисти кружат околу халите и ја пренесуваат пораката за заштита на животната средина. Протестот досега минува мирно.

Протестантите најмногу забележуваат за тоа што индустријата продолжува со големите СУВ возила – нивното префрлување на електричен погон не е вистинското решение за заштита на климата

Од сојузот порачуваат дека целта им е да го попречат одржувањето на салонот во Франкфурт со мирни блокади. Тоа треба да биде знак против уништувачкиот сообраќаен систем, за когошто и натаму се залага најголемиот салон на автомобили во светот. Најголемото незадоволство се искажува кон СУВ возила што преовладуваат во уличната слика и со коишто индустријата постигнува големи профити. Вградувањето електричен погон во големите СУВ не е решение, производителите и политиката треба да се залагаат за помали возила, со коишто се задржува смислата на заштитата на животната средина.

https://twitter.com/SWeiermann/status/1173188314876264448

https://twitter.com/i/status/1173186799855947776

 

 

 

 

 

 

https://twitter.com/i/status/1173129456074051586

 

 

Претходна објаваЕлектромобилност го најавува традиционалниот електро-собир
Следна објаваПо нападите врз саудиските капацитети се очекува поскапување на нафтата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here