за

Топ 50 Најпродавани модели во Германија до април

Ford Focus, најпродавани модели Германија
Фабриката во којашто се произведува Ford Focus ќе биде оперативна до 2025 година.

Главната битка меѓу автомобилските марки е логично дека се одвива каде што се продава најмногу. Во отсуство на каква било продажна статистика за Македонија, ние посегнуваме по податоците од Германија, најголемиот пазар во Европа. Volkswagen ги држи првите три места, пријатна глетка е Ford Focus на четвртото место, Mercedes ја заокружува водечката петорка. За три месеци се регистрирани вкупно 880.000 патнички возила.

Volkswagen трипати е прв на германскиот пазар. Golf е најпродаван компакт, Tiguan е најпродаван компактен СУВ, Polo е најпродаван градски автомобил. Тоа е воедно и редоследот на трите најпродавани модели во Германија, во првиот квартал од годинава. Појавувањето на Ford Focus на четвртото место повеќе не е изненадување, откако новата генерација на моделот освои бројни признанија ширум Европа, а двапати и нас нé убеди на тест.

Mitsubishi Eclipse Cross фаќа залет со +150% како еден од најпрепознатливите дизајни во сегментот на кросоверите и СУВ-моделтие

Затоа пак, многумина што првпат ги запознаваат условите на тамошниот пазар, ќе бидат изненадени од тоа што веќе петтото место припаѓа на премиум марка и модел, на Mercedes C-Class. Кросоверот на база на Golf, во меѓувреме ја престигна и Octavia, завршувајќи на шестото место по првото тромесечје. Volkswagen T-Roc, неодамна на тест во Аутомедиа, веќе со месеци наназад постигнува најголем раст во продажбата. На неговите 85,9 проценти раст во март, единствено може да парира Mitsubishi Eclipse Cross, со +146,9 проценти во третиот месец од годинава.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во германскиот Топ 10, единствено два модела не доаѓаат од концернот од Волфсбург. Првиот модел на Opel е Corsa, на 12-то место, најпродаван модел на BMW е серијата 1, на 23-то место, а најпродаван модел од увозна марка – што не е Seat или Skoda – е Fiat 500, на 25-то место, со близу 8.300 регистрирани примероци до април.

Огромен удел од новите регистрации отпаѓа на возила на лизинг – германската купувачка моќ праќа поздрави

Гигантскиот удел од 71,8 проценти во продажбата на Golf ( Focus 71,8%, C-Class 69,9%), кој се води на име на фирма, всушност ги опфаќа возилата што се наоѓаат под лизинг, најчесто кај сопствената банка на автомобилските марки.

Негативниот тренд во март е најмногу изразен кај серијата 2 на BMW, чијашто продажба опаднала за преку 40% во споредба со истиот месец лани. За една третина се смалила продажбата на VW Touran и Nissan Qashqai.

Само еден од четири новорегистрирани примероци од Ford Focus вози со дизел – тоа е согласно трендот

Како мајстори на добрата статистика (мајстор инаку потекнува од германскиот der Meister, некој што владее со одредена вештина), Германците водат евиденција и за уделот на моделските изведби со дизел мотор. Највисок удел во тој поглед постигнуваат сосем очекувано, патничките изведби на VW Transporter (99,6%) и Fiat Ducato (99,4%), но и Passat не заостанува многу со своите 86,5 дизелски проценти. Серијата 5 на BMW исто така кај два од секои три продадени примероци вози со дизел мотор. VW Golf најдобро покажува колку брзо се менуваат гледиштата кон дизелот – само 39,6% од новорегистрираните возила во март палат без свеќички. Focus е уште понапреден во тој поглед, со само еден дизел на четири регистрирани примероци.

Новорегистрирани патнички автомобили на германскиот пазар во првиот квартал од 2019 година:

Марка и модел

Прв квартал ’19

VW GOLF 50,895
VW TIGUAN 20,709
VW POLO 18,556
FORD FOCUS 16,148
MERCEDES C-Class 15,933
VW T-ROC 15,500
SKODA OCTAVIA 14,764
AUDI A3, S3, RS3 13,977
AUDI A4, S4, RS4 13,149
VW PASSAT 12,688
AUDI A6, S6, RS6 12,256
OPEL CORSA 11,950
MINI MINI 11,735
OPEL ASTRA 11,364
VW TOURAN 11,270
VW TRANSPORTER 10,936
SKODA FABIA 10,935
FORD FIESTA 10,933
MERCEDES E-Class 9,862
MERCEDES A-Class 9,794
MERCEDES GLK, GLC 9,711
FORD KUGA 9,246
BMW серија 1 8,659
BMW серија 3 8,649
FIAT 500 8,299
BMW серија 5 8,234
VW CADDY 8,074
BMW X1 7,809
VW UP 7,709
OPEL ADAM 7,654
SKODA KAROQ 7,524
BMW серија 2 7,265
SEAT LEON 7,263
SEAT ATECA 7,157
SMART FORTWO 6,920
FIAT DUCATO 6,815
AUDI Q2 6,728
FORD ECOSPORT 6,672
MERCEDES B-Class 6,523
DACIA DUSTER 6,373
HYUNDAI I 30 6,274
RENAULT TWINGO 6,267
AUDI A1, S1 5,952
NISSAN QASHQAI 5,676
MITSUBISHI SPACE STAR 5,385
OPEL CROSSLAND X 5,166
SEAT IBIZA 4,750
AUDI Q3 4,293
MITSUBISHI ECLIPSE CROSS 3,854
TESLA MODEL 3 3,185
Други 372,652
Вкупно новорегистрирани возила 880,090

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rolls-royce cela modelska gama

Неколку куси приказни за 115-годишнината на Rolls-Royce

audi e-tron gt concept

Зошто електричниот Audi e-Tron GT звучи како V8 во новиот „Авенџерс“