за

Топ 25 Најпродавани модели во Европа

Suzuki Vitara terensko vozenje
Suzuki Vitara terensko vozenje

Електричен шок во продажната статистика за последниот месец од минатата година. Tesla Model 3 е трет најпродаван модел во Европа, по Golf и Clio. Вкупната продажба во декември забележа рекорд, аналитичарите објаснуваат дека тоа е вештачко зголемување.

Завршија пребројувањата за продажбата на нови автомобили на европскиот пазар во последниот месец од минатата година. Пазарот во декември 2019 пораснал за 21%, со вкупно 1.258.412 продадени возила. Тоа е историски рекорд за месец декември. Продажбата мируваше уште од август 2018 година, како последица од воведувањето на новата и реална норма за мерење на потрошувачката на гориво и емисијата WLTP. Во декември, производителите ја искористија последната шанса да ги заменат моделите со висока потрошувачка на гориво, пред стапувањето на новата регулатива на ЕУ за емисијата на штетни материи од возилата на 1-ви јануари 2020.

Новата регулатива поставува лимит за емисијата на СО2 на 95 грами по километар. Голем број производители значително го надминуваат овој лимит и поради тоа во декември се случуваше масовно регистрирање на возила „на име“ на производителите. Затоа декемврискиот рекорд е вештачки и не ја прикажува реалната продажба на автомобили.

Просечната емисија на СO2 од петте најголеми пазари во Европа, во октомври изнесувала 122 g/km, што претставува зголемување од 1,2 g/km во споредба со просекот за цела 2018 година. Тоа беше причина за производителите да преземат вонредни мерки во декември и преку регистрирање на произведените возила да ја донесат емисијата на СО2 во подносливи рамки.

Производителите самите регистрираа возила во декември со цел да го подобрат билансот на СО2

Ефектот од овие вештачки регистрирања на возила се огледува и во статистиката за одделните држави. Во Шпанија, на пример, вкупната продажба пораснала за 6%, со тоа што службените возила, односно во случајов возила регистрирани од производителите, постигнале раст од 23%, додека продажбата на приватни лица се смалила за 7 проценти. Исто и во Финска, кадешто службените регистрации пораснале за 40%, додека кај приватните има раст од само три проценти.

Најпродаван сегмент и натаму се СУВ-возилата со 524.500 примероци во декември, што е 42% од вкупната продажба. За исто толку проценти пораснала и нивната продажба во споредба со декември лани. СУВ-возилата се најголем „мотор“ на продажбата во Европа, иако тие во исто време се причина и за зголемувањето на емисијата на СО2. Надминувањето на лимитот ќе води кон соодветни казни за производителите и соодветно зголемување на цената на СУВ-возилата, но марките очигледно пресметале дека купувачите ќе ја прифатат таа „доплата“, за да возат СУВ. Во декември 2014, овие возила учествувале со 22 проценти во вкупната продажба.

New item by Automedia MK / Google Photos

Сите класи на СУВ-возила имаат двоцифрен пораст. Најмногу напредувала продажбата на СУВ-моделите од групациајта Volkswagen, со +72 проценти. германскиот производител држи 22% од сегментот и има три модели во 10-те најпродавани СУВ. Потоа следат Renault-Nissan и PSA. Најпродаван модел во сегментот е Ford Kuga, пред Dacia Duster и Renault Captur.

Уште еден победник се електричните возила, со +69,0% и со фантастично висок удел од 11% во продажбата. Главната заслуга за тоа припаѓа на Tesla Model 3 кој е трет најпродаван модел на целиот пазар, со 22.100 примероци. Има и други ѕвезди, како Audi E-Tron, кој е трет најпродаван модел на струја. Во Топ 10 влегуваат и Hyundai Kona BEV и MG ZS.

Изненадувања приредија и неколку модели со својот раст во продажбата. Серијата 3 на BMW постигнала +127%, Suzuki Vitara напредувала уште повеќе со 133%, додека Smart Fortwo ја зголемил продажбаза за дури 174 проценти.

Меѓу последните лансирани модели, предводи Volkswagen T-Cross со 11.200 примероци, пред Toyota Corolla (10.800), Skoda Scala (4.800 примероци) и Kamiq (4.700 примероци), Mazda CX-30 (4.500 примероци) и Seat Tarraco со околу 3.000 продадени примероци во декември.

New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai со погон на водород вози такси во Берлин

Hyundai со погон на водород вози такси во Берлин

Tesla Model Y bela

Tesla започна со производство на Model Y, испораките уште месецов