Веста за почетокот на производството на СУВ-изведбата од Model 3 пристигна само до акционерите во Tesla. Кога ќе стартуваат испораките на Model Y, неговите пазарни бројки ќе бидат поголеми отколку на Model S, Model X и Model 3 заедно.
Во последното писмо до акционерите на Tesla е напишан еден параграф што може и да не се забележи, а во него се известува дека започнало производството на пробната серија од Model Y. Додека стартува испораката на моделот, сепак ќе минат уште неколку месеци. Илон Маск уште лани најави дека подготовките за стартот на производството напредуваат одлично и дека место наесен, првите сопственици на Мodel Y ќе го добијат електричниот СУВ уште во текот на летото.
Во минатата недела проструија гласини дека првите купувачи ќе седнат во својот Tesla Model Y уште во текот на месецов, доколку ја имаат нарачано верзијата со екстра перформанси, односно во март или април, доколку се работи за верзија со продолжен досег.
Половина милион примероци годишно од Tesla Model 3 и Y во Фремонт и уште половина милион во Кина
Model Y е од исклучително значење и за Tesla и за целата автомобилска индустрија. Пазарните аналитичари предвидуваат дека продажбата на електричниот СУВ-модел во класата на Mercedes GLK или Audi Q5 ќе ја надмине продажбата на Model S, X и 3 заедно.
Model 3 моментно е меѓу најпродаваните автомобили во САД и најпродаван автомобил воопшто во некои држави, како во Холандија или Норвешка. Причината зошто Илон Маск толку тивко го најавува стартот на Model Y е задржување на актуелната динамика на нарачки и испораки на Model 3.
Производствениот капацитет за Model 3 и Model Y во фабриката во Фремонт моментно изнесува околу 400.000 возила годишно. До средината на годинава, тој ќе се зголеми за уште 100.000 возила. Во меѓувреме стартуваше и фабриката на Tesla во Кина, кадешто продукцијата на Model 3 и Model Y исто така би требало да достигне околу половина милион возила годишно.
Fueling up on Sundays is such a chore #SaidNoTeslaOwnerEver #Model3 #tesla #ModelY (lol at @verge podcast playing oops) pic.twitter.com/1cUYAYmsca
— Tesla Model 3 Fan (@teslamodel3fan) February 2, 2020
Kind of an idea of size difference. @elonmusk #Tesla #Model3 #ModelY #S3XY pic.twitter.com/SI5OJffQbM
— Andy Pate Vlogs (@AndyPateVlogs) March 15, 2019
















