Норвешка компанија ги купи mobile.de и Ebay за 9 млрд. €

Норвешка компанија ги купи mobile.de и Ebay
Норвешка компанија ги купи mobile.de и Ebay

Една од најголемите автомобилски онлајнберзи во Европа доби нов сопственик. Компанијата во чијашто сопственост премина познатиот mobile.de е со седиште во Норвешка и го носи името Adevinta.

Станува збор за компанија што исто така се бави со онлајн-трговија. Берзата mobile.de, заедно со сите останати автомобилски портали во повеќе држави во Европа, претставува дел од Ebay Classifieds, кој всушност беше цел на купувањето на Норвежаните. Зделката вредеше 9,2 милијарди долари.

На Ebay ќе му бидат исплатени 2,5 милијарди евра во готовина. Со 44 проценти удел во акциите и 33 проценти удел во правата на глас, Ebay станува најголем акционер во Adevinta. Преку ова преземање, норвешката компанија станува „најголема компанија со онлајн-огласи во светски рамки“, како што посочува шефот Ролв Ерик Рисдал. Комшпанијата очекува големи синергиски ефекти и намалување на трошоците на тој начин.

Подолго време се зборуваше дека продажбата на берзата за возила ќе се случи веќе во текот на летово. Според гласините, германскиот медиумски концерн Аксел Шрингер исто така бил заинтересиран за Ebay. Трансакцијата ќе биде комплетирана во првиот квартал од следната година.

Претходна објаваSkoda на 1-ви септември ќе одржи премиера на електричниот Enyaq
Следна објаваТри милиони хибриди на Toyota возат низ Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here